Пелагонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
| url = http://www.makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=893%3A2009-11-29-18-36-54&catid=145%3A2009-09-08-21-26-45&Itemid=395&lang=mk
| title = Пелагонија
| publisher = www.makedonskibiser.com.mk }}</ref> и нејзиниот правец на протегање е меридијански, (север - југ), зафаќајќи должина од 80 километри<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1128</ref> и продолжувајќи кон [[Грција]].
 
== Релјефни, орографски и географски карактеристики на Пелагонија ==
Ред 56:
Пелагонија претставува најголема житница во [[Македонија]]<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1129</ref>. Во Пелагонија се остваруваат најголемите приноси на пченица и пченка во државата, а покрај нив од житните култури во значаен обем се одгледуваат и јачменот, овесот и 'ржта. Пелагонија е исто така и најголем производител на индустриските култури како тутун, сончоглед, шеќерна репка во [[Македонија]]<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1129</ref>. Целата котлина, а особено Прилепското Поле, претставува најголем производител на тутун во [[Република Македонија|Македонија]] и на Балканот. Од другите индустриски култури најзастапени се шеќерната репка, сончогледот и фуражните култури за сточна храна како детелина, луцерка, крмната пченка итн. Во повлажните предели со повеќе вода, по течението на [[Црна Река]], особено во западните предели на Прилепското и Битолското Поле во селата [[Бучин]], [[Обршани]], [[Бела Црква]], [[Кукуречани]], [[Могила]] во големи количества се одгледуваат кромид и пиперки (црвени-ајварки и зелени). Во западниот дел на Битолското Поле во подножјето на планината [[Баба (планина)|Баба]] во селата [[Буково]], [[Бистрица]], [[Лажец]], [[Породин]] се одгледуваат многу пиперки, особено од позната сорта на црвена пиперка со тенка лушпа која ситно се меле и се -прави познатиот зачин ''буковец''. Овоштарството и лозарството се застапени во помала мера, а претежно околу [[Битола]] и западниот дел на Битолското Поле.
 
Сточарството во Пелагонија е исто така доста развиено. Најразвиена гранка е краварството, особено во рамничарскиот дел на Битолското Поле и по течението на [[Црна Река]] каде што има голем број на тревнати ливади-утрини погодни за напасување на кравите. Покрај краварството се одгледуваат и голем број на овци, претежно во источните и северните предели кон [[Даутица]], [[Селечка Планина]] и [[Мариово]]. Козарството е застапено во најмала мера во крајниот северен дел на Прилепското Поле во подножјето на [[Даутица]] и [[Бабуна (планина)|Бабуна]]. Поради големиот број на крави и овци, во Пелагонија се произведува и најголемиот дел од млекото во [[Македонија]]. Млекарството е застапено со повеќето млекарници („ИМБ Битола“, „Идеал Шипка“ кои се најголемите производители на млеко и млечни производи во Македонија како и бројни други помали приватни млекарници итн.) Поради одличните услови, во Пелагонија во голема мерка е застапено и свињарството при што голем број на домаќинства одгледуваат свињи, а во селото [[Породин]] се наоѓа и една од најголемите свињарски фарма во државата во сопственост на ЗИК „Пелагонија“.
 
[[Податотека:Pelagonia-Bakarno Gumno.jpg|мини|250п|Пределот Бакарно Гумно (Гладно Поле) познат како Тополчанска Греда - преод меѓу Прилепското и Битолското Поле]]