Данок на добивка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 4:
 
==Данокот на добивка во Македонија==
Во [[јануари]] [[2014]] година бил изменет [[Закон за данокот на добивка|Законот за данокот на добивка]], при што обврската за плаќање на данокот била воведена и на заемите што меѓу себе си ги одобруваат домашните [[Претпријатие|претпријатија]] (обврската не важи за претрпијатијата во технолошко-развојните зони), како и на исплатените [[Дивиденда|дивиденди]]. Притоа, под оданочување подлежат само [[Кредит|заемите]] коишто претпријатијата нема да ги вратат во текот на годината.<ref>„Данокот на заеми ги разбранува кредитите за фирмите“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 7.</ref>
<br />
Исто така, била направена промена и кај даночниот третман на задржаната добивка: за разлика од претходно, кога задржаната добивка не се оданочувала, т.е. се подразбирало дека таа е реинвестирана, со законските измени било предвидено дека, „ако спротивното не се докаже документирано, се смета дека добивката не е реинвестирана и на неа ќе се плати [[данок]]“. Понатаму, со [[закон]]ските измени било вратено старото решение за оданочување на добивката (кое се применувало до [[2008]] година), односно финансискиот резултат од [[Биланс на успех|билансот на успехот]] ја претставува основата за оданочување. Притоа, за износот на загубата се намалува даночната основа и таа може да се пренесува на товар на идните оданочливи добивки во следните три години.<ref>Павле Гацов, „Загубарите во плус, профитабилните во минус - даночно цедење на стопанството“, ''Економија и бизнис'', година 17, број 198, 25 декември 2014, стр. 64-65.</ref>
<br />
Понатаму, од [[1 јануари]] [[2015]] година било воведено даночното ослободување со кое даночната основа се намалува за износот на реинвестираната добивка во материјални (машини, постројки, недвижен имот) и нематеријални средства ([[софтвер]], [[патенти]] итн.). Притоа, ослободувањето се дава само под услов, фирмата да ги задржи набавените средства во своја сопственост најмалку пет години.<ref>Павле Гацов, „Загубарите во плус, профитабилните во минус - даночно цедење на стопанството“, ''Економија и бизнис'', година 17, број 198, 25 декември 2014, стр. 65.</ref>
 
== Наводи ==