Походи на Александар Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с One picture in higher resolution showing the whole mosaic
Ред 12:
Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната персиска војска под команда на [[Дариј III]] во [[битката кај Ис]] (денес во Турција, на границата со Сирија) во ноември [[333 п.н.е.]] Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му [[Сисигамбa]] и непроценлива количина на богатство. Подоцна, тој му понудил мир на Александар, предавање на сите земји кои овој веќе ги освоил и откуп од 10.000 таленти за своето семејство. Александар му одговорил дека бидејќи сега е тој крал на Азија, тој ќе решава за поделбата на земјата. Продолжувајќи по брегот на Средоземното Море ги освоил градовите [[Опсада на Тир|Тир]] (денешен Либан) и [[Газа]] по познатите опсади.
 
[[Податотека:BattleNapoli ofBW Issus2013-05-16 16-25-06 1 DxO.jpg|thumb|''Мозаик со Александар кој ја прикажува битката кај Ис'', најден во Куќата на Фаун, [[Помпеја]]]]
 
Во [[332 п.н.е.]] Александар се обидел да ја освои [[Нубија]], но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите [[Поход на Египет|сили кон Египет]]. Во таа 332 и следната 331 година, Александар бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на [[Амон]] (египетски бог на сонцето, грчки: Зевс) од египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либиската пустина. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон-Зевс како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал [[Александрија]] во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на [[Птоломејска династија|Птолoмејската династија]].