Голема турска војна: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 7 години
с
нема опис на уредувањето
с (Removing Link FA template (handled by wikidata) - The interwiki article is not featured)
сНема опис на уредувањето
== Позадина ==
 
По бунтот на [[Богдан ХмељницкиХмелницки]] и присоединувањето на источните делови од Украина кон Царство Русија, дел од Козаците сакале од остатокот од украинската територија да го поврзат со Османлиската Империја. Мехмед IV знаел дека Полско-литванската унија е соочена со внетрешни проблеми па го нападнал пограничниот град [[Каменец Подолски]]. По две недели следувало зазимање на градот. Полската армија била премногу мала за да се спротистави на османлиската инвазија. По три месеци Полјаците биле принудени да потпишат договор според кој го предале градот и се обврзале да му оддадат почит на султанот.
 
Кога веста за поразот и потпишувањето на договорот стигнала во Варшава, [[Јан III Собиески]] одбил да плаќа данок на Османлиите и тргнал во поход по кое ја добил [[Битка кај Хотин (1673)|битката кај Хотин]]. Истата година Јан III Собиески станал крал на Полска. Во следните години се воделе повеќе војни со Османлиите, но истите немале голем успех. Во 1676 година бил потпишан договор според кој Османлиите повторно ја вратиле контролата над Каменец Подолски. Овој напад довел и до започнување на Руско-турските војни.