Виктор Иго: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Дела за возрасни: ситна поправка, викификација
Ред 41:
По три неуспешни обиди, во [[1841]] година, Виктор Иго бил избран за член на [[Француска академија|Француската академија]] и со тоа ја потврдил својата улога во [[Француска книжевност|француската книжевност]]. Потоа се вклучил во [[Политика|политичкиот]] живот и постанал голем поборник на [[Француска Република|Републиката]]. Истата година, кралот [[Луј-Филип]] го поставил Иго за кралски [[Генеалогија|генеалог]] и на таа позиција зборувал против [[Смртна казна|смртната казна]] и социјалната неправда. Подоцна, Иго бил избран во Законодавната и Конститутивната асамблеја.
 
Кога Луј Наполеон ([[Наполеон III]]) ја презел целосно власта во [[1851]] година и го донесол антипарламентарниот [[устав]], Иго јавно го прогласил за предавник на својата татковина. Плашејќи се за својот живот, Иго побегнал во [[Брисел]], па во Џерси, а со [[Семејство|семејството]] конечно се сместил на еден [[Остров|островите]] во [[Ла Манш]], каде што живеел во прогонство до [[1870]] година.
 
Додека бил на островот, Иго ги напишал познатите памфлети за [[Наполеон Бонапарта]], „Наполеон Малиот” и „Историја на едно злосторство“ (Histoire d'un crime). Памфлетите биле забранети во [[Франција]], но имале големо влијание. Исто така, додека бил на островот, Иго го напишал познатотo дело „[[Клетници]]“ и неговите многу ценети збирки на песни („Казни“ (Les châtiments), [[1853]]; „Контемплации“ (Les contemplations), [[1856]]; и „Легендата на вековите“ (La légende des siècles), [[1859]]). Иако Наполеон Бонапарта во [[1859]] година ги помилувал политичарите кои биле прогонети, Виктор Иго одбил да се врати во Франција, не сакајќи да ги повлече своите критики и мислења за владата и [[крал]]от. Кога се создала [[Третата Република]], Иго се вратил во родната земја во 1870 година и бил избран во Народното собрание и во Сенатот.<ref>„Белешка за писателот“ во: Виктор Иго, ''Козета и Гаврош'', Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 145-148.</ref>