Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
[[File:Crkva-Treskavec-MK.JPG|thumb|250px|left|Манастирската црква во Трескавец]]
===Во XIX век===
Во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година опис на тогашната состојба и прилики во манастирот дава македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]]. При самите поли на [[Златоврв]] на една мала зарамнетост е манастирот Трескавец или Св. Богородица – еден од старите и богати манастири кај нас<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Патникот по патот од [[Градско]] за [[Прилеп]], штом се покаже на [[Плетвар]], пред него живописно се издигнува игловидниот Златоврв, во полите на кој што, како залепен за карпите се белее Трескавец. Тој има валчест, макар што неособено широк двор, на сред кој е црквичката. Таа е стара, мала и со три кубиња. Средното од нив е расцепено, треснато од една грмотевица, поради што и манастирот е наречен Трескавец<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Од сите страни е заобиколен со згради на 2 ката, со исклучок на јужната страна каде што стои ниска еднокатна стара зграда. Портата е во западниот крај и над неа е издигната камбанаријата<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Од [[Прилеп]] до манастирот води кривулест, скалест и каменест пат, по кој тешко се оди заседнат на коњ, а од западната страна по земјената западна падина на Златоврв, селаните од околните села Присад, Дупјачани и Небрегово идат во манастирот на чествување, по козји патеки. Манастирот е доста богат. Освен од гостите кои многу го посетуваат како стара светост, многу народ се собира и за панаѓурот на 15-ти август, на кој што доаѓаат луѓе од цело [[Прилепско]], [[Велешко]], [[Тиквешко]] и [[Крушевско]], но главните приходи му доаѓаат од движните и недвижните имоти<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Тој е под управата на прилепската општина, која од него зема приход за градските училишта 150-200 лири годишно. Во манастирот нема калуѓери<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>.
 
==Преданија==