Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на [[Успението на Пресвета Богородица]], изградена во XIII век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV век бил обновен и даруван од српскиот [[Стефан Урош II Милутин]]. [[Цар Душан]] станал ктитор на манастирот после победата над [[Византија]] во [[1334]] година. Манастирот Трескавец бил изграден во текот на отоманската управа над ова подрачје, во архитектонски стил кој се развил под влијание на византиското градежништво. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII век се Трескавечките повелби на Цар Душан, во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на [[Охридската архиепископија]], а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите Андроник II и Мануил IX. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот [[Стефан Урош II Милутин]], а подоцна царот Душан и неговиот син [[Стефан Урош V]]. Датирањето на манастирот од почетокот на XIII век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, која е доградувана во неколку фази.
[[File:Crkva-Treskavec-MK.JPG|thumb|250px|left|Манастирската црква во Трескавец]]
===Во XIX век===
При самите поли на Златоврв на една мала зарамнетост е манастирот Трескавец или Св. Богородица – еден од старите и богати манастири кај нас. Патникот по патот од Градско за Прилеп, штом се покаже на Плетвар, пред него живописно се издигнува игловидниот Златоврв, во полите на кој што, како залепен за карпите се белее Трескавец. Тој има валчест, макар што неособено широк двор, на сред кој е црквичката. Таа е стара, мала и со три кубиња. Средното од нив е расцепено, треснато од една грмотевица, поради што и манастирот е наречен Трескавец. Од сите страни е заобиколен со згради на 2 ката, со исклучок на јужната страна каде што стои ниска еднокатна стара зграда. Портата е во западниот крај и над неа е издигната камбанаријата. Од Прилеп до манастирот води кривулест, скалест и каменест пат, по кој тешко се оди заседнат на коњ, а од западната страна по земјената западна падина на Златоврв, селаните од околните села Присад, Дупјачани и Небрегово идат во манастирот на чествување, по козји патеки. Манастирот е доста богат. Освен од гостите кои многу го посетуваат како стара светост, многу народ се собира и за панаѓурот на 15-ти август, на кој што доаѓаат луѓе од цело Прилепско, Велешко, Тиквешко и Крушевско, но главните приходи му доаѓаат од движните и недвижните имоти. Тој е под управата на прилепската општина, која од него зема приход за градските училишта 150-200 лири годишно. Во манастирот нема калуѓери.
 
==Преданија==
Народната традиција го зачувала споменот за изградбата на манастирот Трескавец. Еве што вели самото предание: