Михаел Тарнат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
==Кариера==
===Клупска кариера===
Својата професионална кариера Тарнат ја започнал во екипата на [[ФК Дуизбург|Дуизбург]], за која дебитирал во сезоната 1990-1991. Следната сезона го направил своето деби во [[Бундеслига]]та на 2 август, [[1991]], во натпреварот на домашен терен против [[ФК Штутгарт|Штутгарт]]. По четири сезони во Дуизбург во летото [[1994]] потпишал за [[ФК Карлсруе|Карлсруе]], каде израснал во една од ѕвездите на клубот заедно со [[Томас Хаслер]] и [[Торстен Финк]]. Во [[1997]] година му се приклучил на [[ФК Бајерн Минхен|Бајерн Минхен]] заедно со соиграчот од Карлсруе, Торстен Финк. Во шестте сезони во Бајерн, Тарнат ги остварил најголемите успеси во својата кариера освојувајќи четири [[Бундеслига | национални првенства]] (1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003), три [[Фудбалски куп на Германија | Купа на Германија]] (1997-1998, 1999-2000, 2002-2003), [[Лига на шампиони | Лигата на шампионите]] во [[УЕФА Лига на шампиони 2000/01|сезоната 2000-2001]] и [[Интерконтинентален куп|Интерконтиненталниот куп]] во 2001 година. Во [[2003]] година го напуштил Бајерн и му се приклучил на [[Англија|англискиот]] [[ФК Манчестер Сити|Манчестер Сити]] за предизвикот наречен, [[Премиер лига]]. Во клубот од [[Манчестер]] останал само една сезона во која на 32 првенствени натпревари постигнал 3 гола, но навивачите на ''Сити'' сигурно ќе го паметат по оној од слободен удар против [[ФК Блекбурн Роверс|Блекбурн Роверс]] на 25 август, [[2003]], во победата на гости со 3-2.<ref>[http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/eng_prem/3156171.stm Anelka fires City top] пристапено: 23 март 2015</ref><ref>[https://www.youtube.com/watch?v=7_1LJmUITTA Tarnat spectacular goal vs Blackburn Rovers] пристапено: 23 март 2015</ref> Во [[2004]] година се вратил во [[Германија]], потпишувајќи договор со екипата на [[ФК Хановер 96|Хановер]] каде останал до крајот на својата кариера, до мај [[2009]] година.
 
===Репрезентативна кариера===