Германски јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 71:
Значајна концентрација на потомци кои зборуваат германски има во [[Аргентина]] (5 милиони), Венецуела, Парагвај и Чиле (3 милиони). Во дваесеттиот век, преку 100 000 германски политички бегалци и претприемачи се преселија во Латинска Америка, во земји како [[Коста Рика]], [[Панама]], [[Венецуела]] и Домениканската Република, да основаат енклави во кои ќе се зборува германски јазик. Како што се зборува, постои мала германска емиграција во [[Порто Рико]]. Скоро сите жители на градот [[Помероде]] во државата Санта Катарина во Бразил можат да зборуваат германски.
 
Според американскиот попис од [[2000]]-та година, германскиот во [[Соединети Американски Држави|Соединетите Американски Држави]], после англискиот, [[Шпански јазик|шпанскиот]], [[Кинески јазик|кинескиот]] и [[Француски јазик|францускиот]], е петти по ред најзборуван јазик во домовите (околу 1,4 милиони). Оттука произлегува дека во Соединетите Американски Држави се наоѓа една од најголемите концентрации на луѓе кои зборуваат германски надвор од Европа. Државите [[Северна Дакота]] и [[Јужна Дакота]] се единствените држави во кои германскиот, после англискиот, е најчестиот јазик кој се зборува во домовите (вториот најзборуван јазик во другите држави е шпанскиот или францускиот). Навестување за германската присутност се наоѓа во имињата на некои места како [[Нов Улм]] и многу други градови во [[Минесота]], [[Бизмарк (град)|Бизмарк]] (главниот град на државата), [[Минхен (САД)|Минхен]], [[Карлсруе (град)|Карлсруе]] и [[Стразбург (САД)|Стразбург]] во Северна Дакота, [[Нов Браунфелс]] и [[Минстер (САД)|Минстер]] во [[Тексас]] и [[Кил (САД)|Кил]], [[Берлин (САД)|Берлин]] и [[Урмантаун]] во [[Висконсин]]. Во текот на дваесеттиот век, многу од потомците на емигрантите од осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век продолжија да зборуваат германски дома, но мала популација од постари (како и од помлади жители) може да се сретне во [[Пенсилванија]] ([[Амиши]]те, [[Хатерити]]те, [[Данкардси]]те и некои [[Менонити]], кои низ историјата зборувале [[хатерски германски]] и [[западни средногермански јазици|западен средногермански]], комбинација од [[пенсилвански холандски]]), [[Канзас]] (Менонити и [[Волшки Германци|Германците од Волга]]), Северна Дакота (хатерски Германци, Менонити, [[руски Германци]] и [[балтички Германци]]), Јужна Дакота, [[Монтана]], Тексас, Висконсин, [[Индијана]], [[Орегон]], [[Луизијана]] и [[Оклахома]]. Во раниот дваесетти век, имиграцијата била зачестена во [[Сент Луис]], [[Чикаго]], [[Њујорк]], [[Милвоки]], [[Питсбург]] и [[Синсинати]]. Според последниот попис во [[2006]] година, во Канада има 622 650 германски говорници, додека луѓето со грманско потекло ([[Германски Канаѓани|германските Канаѓани]]) ги има низ целата земја. Заедници кои зборуваат германски делумно можат да се сретнат во [[Британска Колумбија]] (118 035) и [[Онтарио]] (230 330). Во градот [[Киченер]] во Онтаиро постои голема и динамична општина која одамна е наречена Берлин. Германските имигранти имаа важна улога во трите големи урбани реони во земјата: [[Монтреал]], [[Торонто]] и [[Ванкувер]], имигрантите кои се доселиле после Втората светска војна успеаа да го зачуваат влијанието на германскиот јазик во нивните соседства и квартови. Во првата половина на дваесеттиот век, повеќе од милион германски Канаѓани, [[Канадски јазик|канадскиот јазик]] го претворија во трет јазик кој најмногу се зборува, после францускиот и англискиот. Во [[Мексико]] исто така има три големи групи жители со германско потекло, најмногу во градовите: [[Мексико Сити]], [[Пуебла]], [[Мацалтан]], [[Тапачула]] и поголемо население раштркано низ државите: [[Чихуахуа]], [[Дуранго]] и [[Закатекас]]. Се зборува и дека жители со германско потекло има во соседните градови околу [[Гвадалахара]], [[Халиско]] и повеќе во Северно Мексико каде германското влијание се има пренесено во мексиканската култура. Стандарден германски се зборува во богатите германски заедници во Пуебла, Мексикоградот СитиМексико, [[НуевоНов Леон]], [[Сан Луис Потоси]] и [[КвинитанаКинитана Ро]].
 
Германските дијалекти кои најпрво се зборуваат или се зборуваа во колонии или задници кои ги основаа германските говорници наликуваат на дијалектите во регионите од каде што потекнуваат основачите. [[Тексашки германски]] е дијалект кој се зборува во областите од Тексас кои се колонизирани, како [[Њу Браунфелс]] и [[Фредериксбург]]. [[Плаутдич]] е малцински јазик кој го зборуваат заедниците на Менонитите во Северно Мексико и повеќе од 200 000 луѓе во Мексико. Пенсилванискиот холандски е германски дијалект кој го зборуваат Амишите од Пенсилванија, Индијана и [[Охајо]].