Дишење: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.125.201.90 (разговор), вратено на последната верзија на 92.53.5.14
Одбиени последните 3 промени во текстот и вратена преработката 3201604 на 95.86.52.159
Ред 5:
 
Постојат два видови на дишење: ''аеробно'' - кое се одвива во присуство на кислород (како клеточното дишење опишано погоре) и ''анаеробно'' - кое се одвива во отсуство на кислород. Во најголем број живи организми се присутни и двата вида на дишење. Сепак, организмите кои дишат само аеробно се [[аероб]]и, додека оние кои дишат анаеробно се [[анаероб]]и (првенствено [[анаеробни бактерии]]).
 
== Единствено (аеробно - анаеробно) дишење ==
 
При разградувањето на [[глукоза]]та (процес познат како [[глуколиза]]), првиот дел од овој процес се одвива анаеробно и завршува со добивање [[Пирогроздова киселина|пирогроздова]] и [[млечна киселина]]. Понатамошното разградување на овие [[меѓупродукт]]и протекува во аеробни услови - во присуство на кислород. Оваа фаза се одвива во [[Митохондрија|митохондриите]] на клетките, односно преку вклучување во [[Кребсов циклус|Кребсовиот циклус]]. Крајни продукти од овој циклус се [[јаглерод диоксид]] и [[вода]]. Притоа се ослободува голема количина енергија. Дел од оваа енергија се користи за [[синтеза]] на високоенергетски [[Хемиско соединение|соединенија]], како што е ATP. Процесот на разградување на глукозата може да се претстави со оваа [[хемиска равенка]]:
:C<sub>6</sub>H<sub>12</sub>O<sub>6</sub> + 6H<sub>2</sub>O → 6CO<sub>2</sub> + 6H<sub>2</sub>O + Енергија
 
Најсложен [[систем]] за [[дишење]] има кај [[цицачи|цицачите]].Кај нив органи за дишење се [[бели дробови|белите дробови]] и [[воздушни патишта|воздушните патишта]].Системот на [[органи|органите]] за дишење започнува со '''носот''' каде има влакненца кои ја задржуваат нечистотијата и затоа треба да се диши на [[нос]] а не на [[уста]].Продолжува со '''голтката''',па гркланот,следува '''душникот''' и двете негови гранки-лева и десна '''бронхолија'''.Тие пак се разгрануваат во '''бронхиоли''' и завршуваат со '''алвеоли'''.[[Алвеоли|Алвеолите]] се опкружени со мрежа од [[капилари]] во кои струи [[крв]] и при тоа се испушта [[јаглерод диоксид]] и [[вода|водена пареа]] а се прима [[кислород]].
 
Душникот е канал изграден од рскавици во облик на потковица, чии краеви на задната страна се поврзани со сврзно ткиво кое му дава можност на душникот да се шири и собира. Во долниот дел душникот се разгранува на две гранки - душнички гранки.
Душничките гранки штом навлезат во белодробните крила се разгрануваат во поситни гранки - бронхии, па бронхиоли кои завршуваат со воздушни ќесиња изградени од меурчиња - алвеоли. Алвеолите се изградени од еден ред епителни клетки обвиткани со крвни капилари. Во нив се врши размена на гасовите. Кислородот од алвеолите поминува во крвните капилари и со крвотокот се разнесува до сите клетки. А јаглерод диоксид од клетките влегува во венските капилари кои преку крвните садови - вени, се враќа во белите дробови и преку алвеолите и дишните патишта се исфрла надвор. Полнењето и празнењето на белите дробови е потпомогнато од дијафрагмата и меѓуребрените мускули .
 
== Органи за дишење и начин на дишење на животните во животната средина ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дишење