Разлика помеѓу преработките на „Штефан Ефенберг“

Додадени 2 бајти ,  пред 5 години
с
Во летото 2002 заминал во екипата на [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]], меѓутоа таму престојот не му бил многу успешен, бидејќи одиграл само 19 натпревари во сите натпреварувања. Последната сезона во кариерата (2003-2004) ја изиграл во дресот на [[Катар|катарскиот]] [[Ал-Араби Спортс клуб (Катар)|Ал-Араби]], а по нејзиниот крај во [[2004]] година ја завршил кариерата.
 
===Репрезентативна кариера===
Ефенберг го направил своето деби за [[Фудбалска репрезентација на Германија|германската репрезентација]] на 5 јуни, [[1991]], влегувајќи како замена во поразот со 1-0 од [[Фудбалска репрезентација на Велс|Велс]] во [[Кардиф]] во квалификациите за Европското првенство 1992. Откако неговата репрезентација се пласирала на [[Евро 1992]], Ефенберг бил избран во составот на Германија кој настапил на првенството и постигнал еден гол, во победата со 2-0 над [[Фудбалска репрезентација на Шкотска|Шкотска]]. Исто така бил избран во идеалниот тим на турнирот.