Разлика помеѓу преработките на „Штефан Ефенберг“

с
'''Штефан Ефенберг''' (роден на [[2 август]], [[1968]] година, во [[Хамбург]]) е поранешен [[Германија | германски]] [[фудбалер]], [[Одбрана (фудбал)|играч од средниот ред]].
 
==Кариера==
=== Клупска кариера ===
Ефенберг е роден во [[Хамбург]] и ја започнал својата кариера во малку познатиот клуб [[ФК Викторија Хамбург|Викторија Хамбург]]. Во 1986 година се преселил во младинскиот тим на [[ФК Борусија Менхенгладбах|Борусија Менхенгладбах]], каде одиграл една сезона, а веќе за следната бил промовиран во првиот тим. Во сезоната 1988-1989 на возраст од 20 години веќе станал стандарден првотимец на Борусија. Во [[1990]] преминал во [[ФК Бајерн Минхен | Бајерн Минхен]], каде го освоил Суперкупот на Германија и бил вицешампион во Бундеслигата. Следната сезона 1991-1992, Ефенберг бил еден од клучните играчи на Бајерн, завршувајќи ја сезоната со 10 постигнати гола. Меѓутоа со враќањето на [[Лотар Матеус]] во Бајерн, Ефенберг го напуштил клубот и потпишал за [[Италија|италијанската]] [[ФК Фјорентина|Фјорентина]], каде им се приклучил на двајца одлични фудбалери [[Брајан Лаудруп]] и [[Габриел Батистута]] веќе настапувале таму. На општо изнендадување и покрај неколкуте одлични играчи во првата сезона на Ефенберг во Италија, Фјорентина испаднала од [[Серија А]]. Меѓутоа следната сезона во [[Серија Б]], тимот го покажува својот квалитет со одличните игри и освојувајќи ја титулата се враќа во [[Серија А]].