Даутица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
==Природни одлики==
[[File:Dautica so manastirot Zrze-MK.JPG|thumb|250px|лево|Поглед на манастирот Зрзе на падините на Даутица]]
Планината Даутица се наоѓа во средишниот дел на [[Македонија]] и претставува пределна граница помеѓу [[Пелагонија]] и Прилепското поле на исток, [[Порече]] на запад и долината на Бабуна во Велешко на североисток. Таа претставува единствена и крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив [[Мокра Планина|Мокра или Јакупица]]. Се протега по речиси меридијански правец север-југ со мало отклонување и завртување кон исток. Даутица започнува да се протега од пределот Перчулица висок 2423 метри кој се наоѓа под местноста Солунско Поле веднаш под [[Солунска Глава]] кој е највисокиот врв на целиот планински масив на [[Мокра]]. Продолжува да се протега во јужен правец снижувајќи се до врвовите Јалоарник (1685 м.н.в.), Момина Чука (1569 м.н.в.) и Чардак (1652 м.н.в.) од каде што се искачува до самиот и воедно најиздаден нејзин планински врв Бел Камен кој е висок 2074 метри. Оттука продолжува кон југ со мало свртување кон исток спуштајќи се по врвовите Клепало (1624 м.н.в.), Јалорник (1453 м.н.в.) и Баби (1275 м.н.в.) над [[Манастир „Св. Преображение“ - Зрзе|Зрзевскиот манастир „Св. Преображение“]] сѐ до Прилепското Поле во [[Пелагонија]] .
 
==Детален опис и изглед==
 
Правецот на протегање и на Даутица, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година го опишал и [[Ѓорче Петров]], кој запишал дека таа се спушта од врвот [[Јакупица]] право на југ и го заградува од запад Прилепското Поле. За нејзиното место на спојување со [[Караџица]] ја одредил местноста Боро Поле над селото [[Белица]] во Порече. Во деталниот опис [[Ѓорче Петров]] вели дека од јазолот [[Мокра]] или поправо кажано од [[Јакупица]] на местото каде што југозападната падина и се нарекува Морава Планина, право кон југ се спушта високата планина Даутица, која што го заградува од северозапад Прилепското Поле и со својот јужен крај се поврзува со Крушевската Планина и Стрмол. На почетокот таа е висока колку и блиската Салакова Планина, а на југ постепено се снижува и завршува наспроти едно подгорие на Крушевската Планина, Бушева Чешма и Стрмол. Од нив таа се одделува со превојот Барбарас по кој што минува патот од Прилеп за Кичево. Даутица е висока, многу широка и масивна планина: таа го исполнува пространството меѓу долината на р. Треска и Прилепското Поле. Билото во почетокот и претставува многу широка и тапа возвишеност, надолу станува потесно, но сѐ уште е тапо, плоснато и рамно. Единствените врвови се безимениот врв над с. [[Крапа]], кој што се издигнува не многу над општата плоснатост и врвот Мовнатец над село [[Маргари]] – и двата се голи тапи возвишенија, коишто дури немаат изглед на врвови. Падините по изгледот и карактерот значително се разликуваат една од друга: источната падина по целото свое протегање стрмно се издигнува над Прилепското Поле, а западната е многу налегната и како што се снижува постепено во вид на налегната неиспресечена плоснатост, така завршува над самата Треска во Порече. Голата, карпеста и грозна како краставо тело на изглед, западна падина на Даутица и сличните последни отлоги над р.Треска, образуваат доста привлечна и живописна спротставеност со преку речните каменести, темни со страшен изглед и стрмен испуст планини и нивните испусти во Порече, како и во соседниот Стрмол. На почетокот Даутица е гола, карпеста и бело-сива, на изглед сосема слична на Салакова Планина. Исто така изглед и карактер има целата нејзина падина, шумите се сѐ уште зачувани на многу места. Билото и западната падина се богати со пасишта, кои остануваат речиси без полза за околното население. По западната падина недалеку од билото и од скопските планини е с.Крапа, во чии што бачила се прави прочуената „Крапска намаз“ (масло), која што многу скапо се цени во Битола и Прилеп. Даутица е варовничка планина и како таква е болата со внатрешни празнини и пештери, празни или полни со вода во вид на езера. Од првиот вид позната е сталактитната пештера кај манастирот Слепче. Од вториот вид е „езерото“ над с.Гостиражни.
 
==Потекло на името==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Даутица