Разлика помеѓу преработките на „Илири“

Додадени 26 бајти ,  пред 5 години
нема опис на уредувањето
с (Отстрането уредувањето на 31.11.82.188 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06)
'''Илири''' — древен народ сочинет од голем број на племиња, меѓу кои најпознати биле [[Тауланти]]те, [[Патрини]]те, [[Енхелејци]]те, [[Доклеати]]те, [[Дарданци]]те, [[Далмати]]те, [[Аутаријати]]те, [[Даорси]]те и [[Пирусти]]те. Овие племиња биле населени уште од 2 милениум п.н.е. на територијата на западниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]], на запад по брегот на [[Јадранско Море|Јадранското]] и [[Јонско Море|Јонското Море]], на север до реката [[Дунав]], а на југ до и со [[Епир]].
 
Илирите главно се занимавале со [[сточарство]], примитивно [[земјоделство]], ископување на [[руда]], како и [[лов]] и особено [[риболов]]. Најдобри сточари биле Аутаријатите, а најдобри трговци биле Даорсите. Илирите многу брзо ја развиле трговијата, а се развило и занаетчиството. Тие биле и познати морепловци, а и гусари кои им попречувале на туѓите бродови, а често и ги ограбувале.
Анонимен корисник