Лизинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 169:
 
Лизинг-секторот во Македонија, исто како и [[Банкарски систем на Македонија|банкарскиот сектор]], во 2011 година се соочил со отежната наплата на побарувањата, што придонесло за продолжување на [[Профит|непрофитабилното]] работење на секторот и остварување загуба од 22,6 милиони [[Денар|денари]]. Како резултат на тоа, се намалиле бројот и вредноста на новите договори склучени од страна на лизинг-компаниите.
 
<br />
Учеството на вредноста на новосклучените договори за лизинг во [[2011]] година изнесувал само 0,4% од БДП.<ref>Народна банка на Република Македонија, ''Извештај за финансиска стабилност 2011'', Скопје, 2012, стр. 146.</ref> Доколку се анализира структурата на активните договори за лизинг, договорите со физички лица учествувале со 54%, додека учеството на правните субјекти изнесувало 46%. Од аспект на намената, доминирало финансирањето за подвижни предмети, кои учествувале со 97,8% во вкупната структура од активните договори за лизинг. Најголемо учество кај активните договори за правни субјекти имале патничките возила, со 65% од вкупните активни лизинг-договори со правни субјекти, додека само 8% од лизинг-договорите биле искористени за набавка на опрема и машини.
 
<br />
<br />
Табела бр. 1: ''Договори за лизинг на возила во Македонија''<ref>Алекандра Филиповска, „Лани склучени само 1.100 договори тешки 20 милиони евра“, ''Дневник'', година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.</ref>
{| class="wikitable"
Ред 200 ⟶ 199:
| 2014 || 1.103 || 20.229.000
|}
 
<br />
Покрај падот на бројот на склучените договори за лизинг, по [[Финансиска криза 2007-2010 година|Глобалната финансиска криза]], во Македонија била забележана и зголемена појава на раскинување на договорите за лизинг, што претставувало симптом на структурното намалување на обемот на работењето на овој сектор, како и раст на [[Ризик|ризиците]] за наплата на побарувањата. Така, во [[2014]] година биле раскинати 347 договори за лизинг, во вредност од 750 милиони [[денар]]и.<ref>Алекандра Филиповска, „Лани склучени само 1.100 договори тешки 20 милиони евра“, ''Дневник'', година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.</ref>
 
Карактеристика на лизинг-секторот во Македонија е тесната специјализираност на регистрираните лизинг-компании. Исто така, неповолна е состојбата и со понудата на средства што се нудат на лизинг, при што предноста ја имаат возилата. Лизинг-понудата во Македонија не кореспондира со потребите на секторот на [[Мали и средни претпријатија|малите и средните претпријатија]] за финансирање на нивните инвестиции и може само делумно да се користи како супститут на банкарските долгорочни кредити. Од финансиска гледна точка, лизингот за малите и средните претпријатија сè уште е поскапа варијанта од [[кредит]]от.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лизинг