Лизинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 162:
Правната рамка за функционирање на лизингот во Македонија е утврдена со [[Закон за лизинг|Законот за лизинг]], со која се уредуваат начинот и условите за вршење лизинг на подвижни и недвижни предмети, како и правата и обврските на страните во договорот за лизинг.<ref>Закон за лизинг, Службен весник на РМ, бр. 4/2002, 49/2003, 13/2006 и 88/2008.</ref> Согласно Законот за лизинг, даватели на лизинг се домашни трговски друштва и странски трговски друштва што имаат основано подружница во [[Република Македонија]], во согласност со [[Закон за трговски друштва|Законот за трговски друштва]]. За да можат [[трговско друштво|трговското друштво]] и подружницата на странско трговско друштво да бидат даватели на финансиски лизинг во Република Македонија, треба да добијат дозвола од Министерството за финансии за вршење на финансиски лизинг.
На [[Пазар|пазарот]] на финансиски лизинг во [[Македонија]] во [[2012]] година активно работеле 11 лизинг-друштва.<ref>Министерство за финансии, ''Регистар на даватели на финансиски лизинг''.</ref> Меѓутоа, во 2014 година, на пазарот за лизинг активно работеле само пет фирми, и тоа: „[[НЛБ Лизинг]]“, „С-лизинг“, „[[Порше лизинг]]“, „Мастер лизинг“ и „Евро-лиз ауто“.<ref>Алекандра Филиповска, „Лани склучени само 1.100 договори тешки 20 милиони евра“, ''Дневник'', година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.</ref> Притоа, во регистрираните лизинг-друштва во Македонија доминира финансискиот лизинг, односно 100% од лизинг-компаниите нудат [[финансиски лизинг]], додека [[оперативен лизинг]] нудат само три лизинг-компании.
 
Од аспект на средствата што се нудат на лизинг доминираат возилата, односно 100% од сите лизинг-компании нудат лизинг на патнички возила, додека четири од нив нудат лизинг и на комерцијални возила (камиони[[камион]]и, автобуси[[автобус]]и итн.). Оперативниот лизинг е достапен единствено за патнички возила. Лизингот на опрема и машини е помалку застапен и таква услуга нудат само четири лизинг-компании, додека лизинг на недвижности воопшто не се нуди на [[Пазар|пазарот]] во Македонија.
 
Сопственичката структура на лизинг-секторот во [[Македонија]] се одликува со изразена доминација на странскиот [[капитал]], кој учествувал со 99,5% во [[2010]] година. Најголемиот дел од капиталот[[капитал]]от на лизинг-индустријата, односно 84,8%, е во сопственост на странски [[финансиски институции]], додека остатокот е во сопственост на странски нефинансиски правни лица (14,66%) и физички лица (о,07%).<ref>Министерство за финансии (2011), "Претпристапна економска програма 2011-2013", Скопје, стр. 36-38.</ref>
 
Лизинг-секторот во Македонија, исто како и [[Банкарски систем на Македонија|банкарскиот сектор]], во 2011 година се соочил со отежната наплата на побарувањата, што придонесло за продолжување на [[Профит|непрофитабилното]] работење на секторот и остварување загуба од 22,6 милиони [[Денар|денари]]. Како резултат на тоа, се намалиле бројот и вредноста на новите договори склучени од страна на лизинг-компаниите.
Ред 200:
| 2014 || 1.103 || 20.229.000
|}
<br />
Покрај падот на бројот на склучените договори за лизинг, по [[Финансиска криза 2007-2010 година|Глобалната финансиска криза]], во Македонија била забележана и зголемена појава на раскинување на договорите за лизинг, што претставувало симптом на структурното намалување на обемот на работењето на овој сектор, како и раст на [[Ризик|ризиците]] за наплата на побарувањата. Така, во [[2014]] година биле раскинати 347 договори за лизинг, во вредност од 750 милиони [[денар]]и.<ref>Алекандра Филиповска, „Лани склучени само 1.100 договори тешки 20 милиони евра“, ''Дневник'', година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.</ref>
Карактеристика на лизинг-секторот во Македонија е тесната специјализираност на регистрираните лизинг-компании. Исто така, неповолна е состојбата и со понудата на средства што се нудат на лизинг, при што предноста ја имаат возилата. Лизинг-понудата во Македонија не кореспондира со потребите на секторот на [[Мали и средни претпријатија|малите и средните претпријатија]] за финансирање на нивните инвестиции и може само делумно да се користи како супститут на банкарските долгорочни кредити. Од финансиска гледна точка, лизингот за малите и средните претпријатија сè уште е поскапа варијанта од [[кредит]]от.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лизинг