Бенџамин Френклин: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 14:
Кога му била одземена шансата да напише писмо кое требало да биде обајвено од страна на весникот, Френклин го присвоил псевдонимот на средовечна вдовица „госпоѓа Тивката Дугуд“ („Silence Dogood“). Писмата кои биле обајвени од г-ѓа Дугуд набрзо станеле главна тема на разговор во градот. Ниту Џејмс ниту читателите на „Courant“ не биле свесни за измамата, но Џејмс бил незадоволен откако открива дека токму неговиот помал брат Бен е популарниот дописник. Френклин бил заговорник и подржувач на слободен говор уште од својата рана возраст. Кога неговиот брат бил притворен на три недели во 1722, поради објава на непријатни материјали за гувернерот, младиот Френклин го превзима весникот и како г-ѓа Дугуд (цитирајќи ги писмата на Като) објавува: „Без слобода на мислата не може да пости такво нешто како мудрост и нема такво нешто кое се нарекува јавна слобода без слобода на говорот.“<sup>[9]</sup> Френклин ја напушта својата позиција како чирак без одобрение на својот брат и со тоа станува бегалец.<sup>[10]</sup>
==Пронајдоци и научни прашања==
Френклин бил огромен пронаоѓач. Помеѓу многу бројните пронајдоци беа громобранот, стаклена армоника (инструмент од стакло, а не од метал), Френклин печка, биофокални очила и флексибилни уринарни катетари. Френклин никогаш не ги патентирал своите изуми; во неговата биографија тој напишал „... како што уживаме сите од придобивките на пронајдоците на другите, ние треба да бидеме среќни кога имаме можност да им служиме на другите со нашите пронајдоци; и тоа треба да се направи слободно и дарежливо.“<sup>[29]</sup>
Неговите пронајдоци вклучуваа и социјални пронајдоци, како што е плаќањето однапред. Фасцинацијата од иновации кај Френклин може да биде и видена како алтруистичка; тој напишал дека неговите научни трудови се наменети за зголемување на ефикасноста и човековите подобрувања. Еден од многуте подобрувања бил неговиот напор за забрзувања на услугите на весникот преку неговата преса за печатење.<sup>[30]</sup>
===Студии за население===
Френклин имал големо влијание врз новите науки на демографијата, или студии за населението.<sup>[31]</sup> Томас Малтус е познат по неговото правило за раст кај населението и му дава заслуги токму на Френклин за откритието. Камен (1990) и Дрејк (2011) велат дека Френклиновите "Забелешки за зголемување на човештвото" (1755) стои рамо до рамо со оние на Езра Стајлс "Дискурс на христијанската унија" (1760) како водечки дела на осумнаесеттиот век за англо-американската демографија; Дрејк го кредитира Френклин за "Широка читателска публика и пророчки увид."<sup>[33][34]</sup>
Во 1730-ите и 1740-ите, Френклин започнува со запишување белешки за порастот на населението, пронаоѓајќи дека населението на САД има најбрзи стапки на раст на целата планета.<sup>[35]</sup> Истакнувајќи дека порастот на населението зависи од снабдувањето со храна — мислата подоцна развиен од страна на Томас Малтус — Френклин го истакна изобилство на храна и обработливото земјиште на располагање во Америка. Тој пресметал дека населението во Америка се удвојува на секои дваесет години и ќе го надмине населението на Англија за еден век.<sup>[36]</sup> Во 1751 година тој ја подготвил „Согледувања во врска со зголемувањето на човештвото, населувањето на земји, итн.“. Четири години подоцна, била анонимно печатена во Бостон, па потоа беше брзо репродуцирана и во Велика Британија, каде што послужила за влијание на економистите Адам Смит и подоцна Томас Малтус. Предвидувањата на Френклин ги вознемирила Бритнаските државници, кои не сакале Британија да биде надмината од своите колонии, па тие стануваат се повеќе подготвени да наметнат ограничувања на колонијалните економии.<sup>[37]</sup>
Френклин исто така бил пионир во студијата за демографијата на ропството, како што е прикажано во еден есеј од 1755.<sup>[38]</sup>
===Струи во Атлантскиот океан===
Како заменик министер во поштата, Френклин станува заинтересиран за шаблоните на цирклуирање во Сверно атлантскиот океан. Додека бил во Англија во 1768, тој слушнал поплаки од колонијалниот одбор на Царината: „Зошто им е потребно повеќе недели на британските бродови со пакети кои патуваат за Њу Јорк, отколку што му е потребно на еден трговски брод да пристигне во Њупорт, Род Ајленд?“. Притоа трговските бродови имаа потешка тура тргнувајќи од Лондон, додека поштенските бродови со пакети тргнувале од Фалмаут во Корнвол.
Френклин му го поставил прашањето на неговиот братучед Тимотеј Флогер, капетан од Нантакет и китоловец, кој му објаснил дека трговските бродови рутински ја избегнуваат силната источна океанска струја во средината. Капетаните на поштенските бродови пловеле низ неа, со што се бореле со негативната струја од 3 милји на час (5 км/ч). Френклин работел со Флогер и други искусни капетани на бродови, учејќи доволно за да напише шема на струите во окенаот и да ја именува како Голфската струја, која ни е позната и денес.
Френклин ја објавил својата шема за Голфската струја во 1770 година во Англија, каде што бил целосно игнорирани. Следните верзии беа испечатени во Франција во 1778 година и во САД во 1786. Британскиот верзија на табелата, која беше оригиналната, била толку темелно игнорирана што сите сметале дека е изгубена се додека Фил Ричардсон, океанограф и експерт за Голфската струја, ја открива во Националната библиотека во Париз во 1980 година.<sup>[39][40]</sup> Овој негов пронајдок резултирал со насловната страница во Њујорк тајмс.<sup>[41]</sup>
Потребни биле многу години за бритнаските поморски капетани да ги прифатат советите на Френклин за навигација низ струјата, но откако ќе се случи тоа тие успеале да го намалат дури за две недели патувањето преку океанот.<sup>[42][43]</sup> Во 1853 година, океанографот и картограф Метју Фонтен Мори истакнува дека Френклин само ја мапирал и кодифицирал Голфската струја, тој не ја открил:
{{quote|Иако д-р Френклин и капетан Тим Фолгер беа први кои ја претворија Голфската струја во наутички предмет, самото постоење на Голфската струја не може да им биде препишано на нив двајца, за нејзиното постоење знаеле Питер Мартр Дангиера и Сер Хемфри Гилберт дури во 16-иот век.<sup>[44]</sup>}}
{{САД-биог-никулец}}
|