Концертен дом (Берлин): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Концертниот дом - Берлин''' ([[герм.]] ''Konzerthaus Berlin'', некогашен ''Schauspielhaus Berlin'' - „Драмски театар - Берлин“) — [[концертна сала]] на плоштадот [[Жандарменмаркт]] во централното градско подрачје на [[Берлин]]. Од 1994 г. ова здание е седиште на Оркестарот при Концертниот дом - Берлин (''Konzerthausorchester Berlin'').
 
Претходниот објект за оваа намена бил Националниот театар во реонот [[Фридрихсштат (Берлин)|Фридрихсштат]] кој во 1817 настрадал во пожар. Театарот бил дело на [[Карл Готхард Лангханс]], отворен во 1802 г. Проектирањето на новото здание му припаднало на [[Карл Фридрих Шинкел]], кој ги изработил нацртите во периодот помеѓу 1818 и 1821 г. Така, „Кралскиот драмски театар“ (''Königliches Schauspielhaus'') бил свечено отворен на [[18 јуни]] [[1821]] г. со премиера на операта „[[Волшебниот стрелец]]“ од [[Карл Марија фон Вебер]]. Други позначајни премиери во овој театар се „Удине“ од [[Ернст Теодор Вилхелм Хофман|Е.Т.В. Хофман]] (1816), „[[Пентесилеја (Клајст)|Пентесилеја]]“ од [[Хајнрих фон Клајст]] (1876) и „[[Вознесението на Ханела]]“ од [[Грхарт Хауптман]] (1893).
 
По завршувањето на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], во [[1919]] г. театарот продолжил да работи под името „Пруски покраински театар - Берлин“ (''Preußisches Staatstheater Berlin''). Под директорската надлежност на Леополд Јеснер, театарот набргу станал еден од водечките театри во [[Вајмарска Република|Вајмарската Република]], традиција која ја продолжил Густав Гриндгенс по доаѓањето на [[НСДАП|националсоцијалистите]] во 1933. Во овој период Гриндгенс се истакнал со приредувањето на [[Гете]]овиот „[[Фауст]]“ и премиерата на трагедијата „Ифигенија во Делфи“ од [[Герхарт Хауптман]] (1941).
 
Во [[Втора светска војна|Втората светска војна]] театарот бил тешко оштетен во бомбардирањата на [[Сојузници од Втората светска војна|Сојузните сили]] и [[Битка за Берлин|битката за Берлин]]. Во периодот 1977-1984 објектот е сосем обновен, и отворен како концертна сала на Берлинскиот филхармониски оркестар. Надворешноста, со бројни скулптури на композитори од [[Кристијан Фридрих Тик]] и [[Балтазар Јакоб Ратгебер]], е верна реконструкција на Шинкеловите нацрти, а пак внатрешноста е преработена во [[Неокласична архитектура|неокласичен]] стил, прилагодена за новата намена. Главната сала е опремена со велелепна [[органа]] со 74 регистри и 5811 цевки.
 
== Надворешни врски ==
{{commonsризница|Konzerthaus Berlin}}
*[http://www.konzerthaus.de/ Страница на Концертниот дом - Берлин] {{de}} {{en}}