Разлика помеѓу преработките на „Хамлет“

Додадени 2.717 бајти ,  пред 5 години
дополнување
(дополнување)
{{без извори}}
 
[[Податотека:Дејан_Лилиќ_како_Хамлет.jpg|thumb|right|Актерот [[Дејан Лилиќ]] во улогата на Хамлет.]]
 
==Извори==
Многу легенди, слични на Хамлет, се најдени на толку многу места (на пример во [[Италија]], [[Шпанија]], [[Скандинавија]], [[Византија]] и [[Арабија]]), што основната тема се смета дека има индо-европско потекло. Препознаени се повеќе древни пишани претходници на Хамлет. Првиот е анонимното, скандинавско дело Сагата на Хролф Краки. Во ова дело убиениот крал има два сина, Хродгар и Халга, кои најголем дел од времето го поминуваат под маски и со лажни имиња, наместо да глумат лудило, во низа настани кои се разликуваат од оние кај Шекспир. Вториот претходник е римската легенда за Брут, зачувана во две посебни латински дела. Херојот во неа, Лусиј („блескав, светол“), го менува името и ликот во Брут („тап, глупав“), и глуми будала со цел да ја избегне судбината на својот татко и браќа, и на крајот го убива убиецот на неговото семејство, кралот Таркиниј. Нордиски научник во 17 век ги споредил исландскиот херој Амлоди и шпанскиот херој, принцот Амбалес (од Сагата Амбалес), со шекспировиот Хамлет. Дел од сличностите се глумењето лудило на принцот, неговото случајно убивање на советникот на кралот во спалната на неговата мајка, и на крајот, убивањето на неговиот вујко.
 
==Изведби на „Хамлет“ во Македонија==
За првпат, претставата „Хамлет“ е поставена во [[Македонија]] во [[1966]] година, на сцената на [[Народен театар - Битола|Народниот театар во Битола]], а во [[режија]] на [[Љубиша Георгиевски]]. Истиот театар, со истиот [[режисер]], во [[1988]] година по вторпат ја поставиле претставата. Во [[1977]] година, „Хамлет“ бил поставен во [[Драмски театар - Скопје|Драмскиот театар]] во [[Скопје]], во режија на [[Слободан Унковски]], а подоцна, уште двапати, овој [[театар]] ја поставувал оваа претстава, и тоа: во [[1998]] година, во режија на [[Владо Цветановски]] и во [[2010]] година, во режија на [[Дејан Пројковски]].
 
Првиот македонски актер кој го играл Хамлет бил [[Ацо Стефановски]], кој се одликувал со спокојна, медитативна игра. Потоа, во Народниот театар во Битола, улогата на Хамлет ја играл [[Владимир Талевски]], кој доживеал, во московскиот театар „Мала сцена“ една постара жена да се искачи на сцената, да му се поклони и да му подари [[цвеќе]]. Во Драмскиот театар во Скопје, првиот Хамлет бил [[Мето Јовановски]], кој доминирал со својата вдаховеност и творечки агенс. По него, оваа улога ја играл [[Ѓорѓи Јолевски]] чија игра се одликувала со емоционална задлабоченост, консеквентност и широчина. Третиот Хамлет во Драмскиот театар бил [[Дејан Лилиќ]] кој во [[март]] [[2015]] година ја одиграл јубилејната 50. улога во оваа претстава.<ref>„Монументално драмско дело за сите времиња“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 15.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Трагедии од Вилијам Шекспир]]
[[Категорија:Дела на Вилијам Шекспир]]
 
{{Link FA|af}}