Разлика помеѓу преработките на „Булент Еџевит“

Додадени 664 бајти ,  пред 6 години
(→‎Политичка кариера: дополнување)
== Политичка кариера ==
 
Во текот на [[1946]] година Еџевит се вклучил во политички води, прво како прес-аташе во турската амбасада во [[Лондон]], а потоа како [[новинар]], уредник и, конечно, колумнист во весникот „''Улус''“. Еџевит се приклучил во Републиканската народна партија (РПП) основана од [[Кемал Ататурк]] и во [[1957]], станувајќи најмлад член на парламентот. Девет години подоцна станал генерален секретар, а [[1972]] и лидер на РПП, трета личност на оваа највисока позиција по самиот [[Ататурк]].
 
На функцијата премиер бил избиран во [[1974]] година, истата година кога во [[септември]] бил принуден да се повлече, во [[1977]], од [[1978]] до [[1979]]. Во осумдесеттите добил љубезна порака од воените [[Генерал|генерали]] да се подготви „''за еден и пол час, доколку сака и заедно со сопругата''“ да биде однесен во [[затвор]]. По релативно кусиот затворски стаж, Еџевит добил забрана од десет години да не се занимава со [[политика]]. На сцената повторно се вратил во деведесеттите и од [[1999]] до [[2002]] повторногодина билја избранизвршувал зафункцијата премиер.
 
Неговата политичка кариера е исполнета со големи настани. Во [[1974]] година наредил инвазија на северниот дел од [[Северен Кипар|Кипар]] со цел да го заштити турското малцинство таму беше наречен „''втор Ататурк''“. Во [[1999]] година за време на неговиот петти мандат како премиер успеал да го стави зад решетки лидерот на курдските бунтовници, [[Абдула Оџалан]], обвинет за 30.000 жртви на неговата војна против [[Анкара]]. Истата година, тој започнал радикални реформи во земјата како цврста демонстрација на [[Турција]] да стане членка на [[Европската унија]]. Подоцна, тој ја одбил поканата заедно со [[Грција]] да се приклучи кон тогашната [[Европска економска заедница]].
 
Во текот на [[2001]] година, Еџевит јавно влегол во судир со шефот на државата [[Ахмет Сезер]], кој бил незадоволен од начините за справување со [[Корупција|корупцијата]] на владата на чие чело стоел Еџевит. Сезер го обвинил премиерот дека покажал „''непочитување кое никогаш не било видено во историјата на нашата земја''“. Политичката криза довела до паѓање на турските [[Берза|берзи]], затворање на илјадници претпријатија и милиони нови отпуштени од работа.<ref>{{цитирање вести|url=http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F51E8258192ACE43A6F397A672869F3F|title=Петте мандати на политичарот и поет Булент Еџевит|publisher=Утрински весник|language=Македонски|accessdate=2011-03-03}}</ref>.
 
Во текот на својата политичка кариера, Еџевит преживеал девет обиди за [[атентат]], од кои најопасни биле оние во [[Измир]] и во [[Њујорк]], каде [[Куршум|куршумите]] за малку го промашиле.<ref>„Ердоган се плаши да не биде отруен“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 13.</ref>
 
== Наводи ==