Тјалинг Копманс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Ред 22:
== Биографија ==
 
Копманс е роден во [['с-Гравеланд]], [[Холандија]]. Го започнал универзитетското образование на [[Утрехтски универзитет|Утрехтскиот универзитет]] на седумнаесет години, насочувајќи се кон математика. Три години подоцна, во 1930 година, се префрлил на теоретска физика. Во 1933 година го запознал [[Јан Тинберген]], првиот добитник на нобеловата награда за економија во 1969 година, и се преселил во [[Амстердам]] да учи математичка економија кај него. Покрај математичката економија, Копанс ги проширил неговите истражувања во [[економетрија]]та и [[статистика]]та. Во 1936 година докторирал на [[Лејденски универзитет|ЛејденскитеЛејденскиот универзитет]]. Насловот на неговиот труд бил „Линеарна регресиска анализа на економските временски серии“.
 
Копманс се преселил во [[САД]] во 1940 година. Работел за владина агенција во [[Вашингтон]], каде објавувал трудови за транспортната економија насочени кон оптималната рута, а потоа се преселил во [[Чикаго]] каде се приклучил на истражувачката комисија за истражување во економијата Каулс поврзана со [[Чикашки универзитет|Чикашкиот универзитет]]. Во 1946 година станал натурализиран граѓанин на САД, а во 1948 година директор на комисијата Каулс. Поради непријатната средина на комисијата од економската катедра на Чикашкиот универзитет во 1950-тите години, Копманс го убедил семејството Каулс да се преселат на Јејл во 1955 година (каде била преименувана во фондација Каулс). Продолжил да објавува за економиката на оптималниот раст и анализа на активноста.