Фашизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Зборот "фашизам" доаѓа од [[италијански јазик|италијанскиот]] збор „фашио“ (''fascio''), што означува "сноп" (во политичка или воена група или во нација), но исто така од ''[[фаши]]те'' (прачки заврзани како [[цилиндар]] околу [[секира]]), [[антички Рим|антички римски]] симбол на авторитетот на [[магистрати]]те. Најпрецизно, терминот произлегува од „[[фашо]]“ (множ. ''фаши'') - збор кој бил многу популарен во [[Италија]] по 90тите години на [[19 век]], а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.
 
Оригиналното фашистичко ([[италијански јазик|италијански]]: ''fascismo'') движење се појавило во [[Италија]] во [[1919]] (''Fasci di combattimento'' - ''Боречки фаши'') и владеело со земјата од [[1922]] оддо [[1943]] под водството на [[Бенито Мусолини]]. Ова е всушност потесното значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.
 
Со време генеричкиот термин '''фашизам''' почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по [[Прва Светска војна|Првата светска војна]] се: во [[Германија]] - [[НСДАП|Националсоцијалистичката германска работничка партија]] (Нацисти) под водството на [[Адолф Хитлер]], [[Унгарија]] - [[Партија на Стрелестиот Крст]], [[Романија]] - [[Железна Гарда]], [[Шпанија]] - [[Фалангисти]], како и [[Франција|француските]] политички движења предводени од поранешните социјалисти - [[Марсел Деа]], [[Жак Дорио]] и други. Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната моќ, економијата базирана на големите [[корпорации]], авторитарното укинување на граѓанските права и слободи, воведувањето на полициска држава, [[ксенофобија]]та, истакнувањето на националистичкиот дух и општо, [[Реакција (историја)|реакционерната]] внатрешна и [[Експанзионизам|експанзионистичката]] надворешна политика. Понекогаш фашизмот се употребува како [[синоним]] на [[нацизам|нацизмот]]. Некои автори ја отфрлаат пошироката употреба на терминот фашизам или исклучуваат некои од овие партии и режими.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Фашизам