Плата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
=== Платите во Македонија ===
Според податоците од [[Државeн завод за статистика|Државниот завод за статистика]], во април [[2013]] година, просечната бруто-плата во [[Македонија]] изнесувала 30.799 [[денар]]и, додека просечната нето-плата бил 20.983 денари. Пресметано во [[евро|евра]], просечната бруто-плата во Македонија изнесувала околу 500 евра, додека нето-платата била 340 евра. Притоа, јавните давачки ([[данок|даноците]] и [[социјални придонеси|придонесите]]) учествувале со 32% во бруто-платата. Вотој поглед, споредбата со поранешните републики на [[СФРЈ]] покажува дека само [[Словенија]] и [[Црна Гора]] имале повисоко оптоварување на платите со јавни давачки.
Споредбата со останатите држави на подрачјето на поранешната [[СФРЈ]] покажува дека платите во Македонија биле најниски, т.е. платите во [[Србија]] биле повисоки за 15%, платите во [[Босна и Херцеговина]] и во [[Црна Гора]] биле повисоки за 40% и 41%, соодветно, платите во [[Хрватска]] ги надминувале македонските плати за 119%, а највисоки биле платите во [[Словенија]], кои биле повисоки за 193% во однос на македонските.<ref>Павле Гацов, "Платите како летна тема", ''Економија и бизнис'', год. 16, бр. 180, јули 2013, стр. 43.</ref> Во [[декември]] [[2014]] година, според податоците на [[Завод за статистика (Македонија)|Заводот за статистика]], просечната бруто-плата изнесувала 32.741 [[денар]], додека просечната нето-плата изнесувала 22.407 денари, што претставувало пораст од 4,2% во споредба со декември [[2013]] година. Притоа, 1,2% од вработените во Македонија не зеле плата за тој месец.<ref>„Просечната нето-плата во декември 22.407 денари“, ''Дневник'', петок, 27 февруари 2015, стр. 23.</ref> <ref>„Просечната нето-плата 22.407 денари“, ''Утрински весник'', година XVI, број 47204721, петок, 27 февруари 2015, стр. 9.</ref>
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Плата