Лудвиг ван Бетовен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 28:
Роден во елегантниот, провинциски град [[Бон]], своите најрани музички лекции ги добива од татко си, тежок и неподнослив човек чие предавање на [[алкохол]]от го прават Лудвиг практично глава на семејството во своите години на младоста. Во 1787 патува во [[Виена]] со цел да зема часови кај [[Моцарт]], но поради презафатеност на Моцарт овие студии не се реализираат: Неговиот прв престоj во Виена трае само 15 дена бидејки мора да се врати назад поради смртта на мајка си. Сепак 1792 се враќа во Виена , каде ќе остане до крајот на својот живот. Зема часови кај Хајдн, потоа со [[Јохан Георг Албрехтсбергер|Албрехтсбергер]] и на крајот со [[Антонио Салиери|Салиери]], од кого го учи Италијанскиот вокален стил. Во Виена, престолнината на музиката во [[Европа]] во тоа време, Бетовен се истакнува како виртуоз на клавир од највисок калибар: неговиот првично груб стил, се рафинира откога го слуша пијанистот [[Јохан Штеркел]], по што неговата врвност како пијанист ретко била оспорувана. Пред сè, бил почитуван поради извонредната моќ на импровизирање, без разлика дали било тоа на дадена тема или во развивањето на идејата во рамките на сонатен облик.
 
Бетовеновиот успех, пред сè, е засенет поради проблемите со слухот, кои почнуваат да го измачуваат веќе во 1797. Во 1802, откога медицинските третмани не донесувале никакво подобрување, тој се повлекол извесен период во Хајлигенштад на лечење. Откога и ова се покажало јалово, Бетовен, во пред самоубиствена [[депресија]], пишува очајничко и жестоко писмо кон своите двајца браќа, првпат отворено откривајќи ја својата болест и објаснувајќи ја причината поради криењето на истата. Наведува и дека својата иднина ја гледа како „прогоненик; во општеството можам да влезам единствено поради најосновните потреби“. Само неговата уметност го има спречено да си го одземе животот „ми се чинеше невозможно да го напуштам светот пред да го извлечам сето она коешто го чувствувам во себе“.
 
Ред 50 ⟶ 49:
== Симфонии ==
Со деветте симфонии, Бетовен го револуционаризираше оркестарот и ги испреврте сите поранешни приоди кон симфониската форма. Првите две, комплетирани во 1800 и 1802 последователно, се отворено базирани на Моцартовата и Хајдновата музика. Но третата, Eroica, навести тотално нов концепт на мерила. Од петтата до деветтата напето се ослободуваат од притисокот и структурата на класичарските стеги и подвижно продолжуваат кон се повеќе романтичарскиот, субјективен приод кој превагнуваше во средината на деветнаесеттиот век во Европа. Бетовен ја заврши својата Деветта симфонија ви 1824; само шест години подоцна, Ектор Берлиоз ја напиша својата Фантастична Симфонија. Првиот пат целокупниот циклус поставен на снимка се случи во 1930-те од Feilx Weingartner. Од тогаш, над педесет диригенти ги имаат снимано овие неверојатни дела, иако, искрено кажано, некои кои што не требало воопшто да се мачат. Има неколку, сепак, чиј приод ја доловува атмосферата на автентичната волја на големиот автор.
 
 
''Четврта симфонија'', B-dur, Op. 60
Ред 66 ⟶ 64:
 
{{Романтизам}}
{{нормативна контрола|PND=118508288|LCCN=n/79/107741|VIAF=32182557}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Бетовен, Лудвиг ван}}