Јоханес Кеплер е роден на 27 декември 1571., во Слободниот Империјалистички грдаград Вајл дер Штат. Неговиот дедо, Себалд Кеплер, бил градоначалник на градот, но во времето кога Јоханес се родил, тој имал двајца браќа и една сестра и богатството на фамилијата пропаѓало. Неговиот татко, Хенрих Кеплер, заработилживеел опасен живот како користољубец, и го напуштил семејството кога Јоханес имал пет години. Се верува дека починал во Осумгодишната војна во Холандија. Неговата мајка Катарина Гулденман била лекар и хербалист. Предвремено роден, Јоханес како дете бил слаб и болезлив. Сепак, тој често ги импресирал посетувачите на градот на дедо му со неговите феноменaлни математички способности.<ref>Caspar. ''Kepler'', pp. 29–36; Connor. ''Kepler's Witch'', pp. 23–46.</ref>