Јанис Рицос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
ситна поправка
Ред 26:
 
==Биографија==
Јанис Рицос е роден во Моненмвазија, на југот на [[Пелопонез]], а рано останал без родители. Според некои кажувања, уште во седмата година од животот започнал да пишува стихови. Исто така, покажувал голема склоност кон [[Сликарство|сликарството]] и кон [[Театар|театарот]]. За време на [[Граѓанската војна во Грција]], во [[1948]] година, Рицос бил заробен и [[Затвор|затворен]] на [[Остров|островот]] [[Лемнос]], а следната година бил преместен на островот Макронисос. Таму, бил во заробеништво со [[Композитор|композиторот]] [[Микис Теодоракис]], кој компонирал музика на стиховите на Рицос. Во периодот 1948-[[1952]], Рицос бил повеќепати затворан во разни [[Логор|логори]]. Подоцна, за време на владеењето на воената хунта, Рицос повторно бил апсен и затворан, а во [[1970]] година бил ставен во домашен притвор на островот Сам. Рицос бил пријател со [[Пикасо]], а кога [[Пабло Неруда]] го поканил да гостува на меѓународниот поетски фестивал во [[Лондон]], [[Диктаторство|диктаторскиот]] режим му забранил да патува во странство.<ref>„Јанис Рицос во центарот на вниманието“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4715, петок, 1920 февруари 2015, стр. 15.</ref>
==Творештво==
Рицос се смета за еден од четворицата најголеми грчки поети на [[XX век]], заедно со [[Костис Паламас]] и [[Нобелов лауреат|нобеловците]] [[Јоргос Сеферис]] и [[Одисејас Елитис]]. [[Франција|Францускиот]] [[поет]] [[Луј Арагон]] еднаш има речено дека Рицос е „''најголемиот поет на нашата епоха''“, додека нобеловецот Франсоа Моријак рекол дека „''делото на Рицос му чини чест на целото човештво''“.<ref>„Јанис Рицос во центарот на вниманието“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4715, петок, 1920 февруари 2015, стр. 15.</ref> Рицос бил деветпати предложуван за [[Нобелова награда за литература]], но никогаш не ја добил. Сепак, кога ја добил [[Лениновата награда за мир]] (позната и како ''Сталиновата награда за мир'' пред [[1956]] година), Рицос изјавил: „''оваа награда ми е поважна отколку Нобеловата''“.
 
Во 1985 година, Рицос го добил „Златниот венец“ на [[Струшки вечери на поезијата|Струшките вечери на поезијата]] при што присуствувал на фестивалот и лично ја примил наградата. По тој повод била издадена книга со избор од неговата поезија на [[грчки јазик]], со напореден превод на [[македонски јазик]]. Предговор на [[Книга|книгата]], под наслов „Пред делото на Јанис Рицос“, [[напишал Гане Тодоровски]], кој заедно со [[Паскал Гилевски]] бил приредувач на песните.<ref>„Јанис Рицос во центарот на вниманието“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4715, петок, 1920 февруари 2015, стр. 15.</ref>
 
Меѓу поважните дела од опусот на Рицос се издвојуваат:<ref>„Јанис Рицос во центарот на вниманието“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4715, петок, 1920 февруари 2015, стр. 15.</ref>
* ''Трактор'' ([[1934]]),
* ''Пирамиди'' ([[1935]]),