Македонски Албанци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 89.205.34.219 (разговор), вратено на последната верзија на Raso mk
сНема опис на уредувањето
Ред 200:
[[Податотека:Tetovo.jpg|thumb|250px| Албанци од [[Тетово]]]]
 
Почетокот на албанското населување во Полог почнува од средината на [[18 век]]. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, сè до првата половина на [[19 век]], кога со Полог владее турскиот посланик со албанско потекло [[Абдураман-паша]], кој насилно и масовно населувал Албанци од северна [[Албанија]]<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.''</ref>. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно албанизирано, цели родови биле албанизирани, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.''</ref>. Истото се има случено и со кичевската околина, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Албанците од село [[Теарце]] биле заселени од тетовските паши, од [[МатМатка (округ)|Матка]] (Мат), [[Долен Дебар]] и [[призрен]]ско; албанците од [[Доброште]] дошле од [[Дебар]] и [[Љума]]. Во село [[Длабочица]], с. [[Стража]] и с. [[Култино]] Албанците потекнуваат од [[Дукачин Љума]]. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци<ref>''Материали (Софија), 437, 439, 446-447''</ref>.
 
Во [[Жеден]]ската област до почетокот на [[19 век]] живееле исклучиво Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од [[Реч]] и [[Долни Дебар]]. Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале селата празни. Васил К`нчов во последната деценија на [[19 век]] ја посетил Македонија и опишува дека селото [[Горно Фалише]] до [[1860]] година броело 30 македонски семејства, а во [[1890]] година опустело, како и селата [[Палатица]], [[Корито]], [[Форино]] и [[Чајле]], кои иста така останале опустошени и празни<ref>''В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>. Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата [[Катрање]] и [[Еребино]] ја споделиле истата судбина на опустошување<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 39-40''</ref>. На опустошените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.
 
Во с. [[Лопушник]], кон крајот на [[18 век]] се доселиле тројца Албанци и со „зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 183.''</ref>. Македонцитге од селото [[Железна Река|Железно Речане]] било на удар на качачките банди во почетокот на [[19 век]], а населението за ситница било убивано за кое мештаните викале „трган народ“<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 191.''</ref>. Македонските селани од [[Горна Ѓоновица]] биле убивани во шума, на нивите и им ја грабале стоката<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 210''</ref>. Во тогашното македонско селото [[Симница]], најпрво се населиле три албански семејства од [[МатМатка (село)|МатМатка]] ([[Албанија]]) и со помош на други доселеници од Албанија ја нападнале [[Симница]] и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери, освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разурнат. Манастирот во [[1936]] година бил обновен, но балистите повторно го разориле во [[1943]] година<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 213''</ref>. И селото [[Џепчиште]], како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место и имало манастир ''Св. Богородица''. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот ''„муслимански Албанци“'' го запалиле манастирот заедно со селаните<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347''</ref>.
 
=== Албанизација на Кичевијата ===
Ред 243:
Во [[1999]] година избувнале немири во [[Косово]] помеѓу етничките [[Албанци]] и [[Срби]]<ref name="chrono">{{цитирана веб страница | title = Kosovo war chronology | publisher = [[Human Rights Watch]] | url = http://www.hrw.org/campaigns/kosovo98/timeline.shtml }}</ref>. Во исто време, [[Македонски претседателски избори, 1999|претседателските избори во Македонија]] само ги изостриле меѓуетничките тензии помеѓу албанците и македонците. Тензиите уште повеќе се засилиле кога [[Република Македонија]] била потопена од 250.000 етнички албанци, бегалци од војната на [[Косово]]<ref>[http://www.sonce.org.mk/1999_2002.htm Асовијација на ]</ref>. По ова, во [[Македонија]] била развиена уште поголема мрежа на ''Армијата за ослободување на Косово'' или [[УЧК]].
 
Конфликтот неофицијално во Македонија започнал кон крајот на [[јануари]] [[2001]] година во пограничното село [[Танушевци]]. На [[16 февруари]] [[2001]] година во истото село, новинарска екипа на [[А1 телевизија]] била заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени<ref>[http://star.vest.com.mk/default.asp?id=1479&idg=1&idb=185&rubrika=Makedonija Во Танушевци ОВК киднапираше новинар и снимател на А1 телевизија]</ref>. По двонеделни препукувања, бојното поле се префрлило во [[Тетово]]. Во месноста Кале во [[Тетово]], на [[14 март]] биле регистрирани вооружени напади врз безбедносната полиција. Веќе на [[23 март]], од страна на властите во [[Република Македонија]] била донесена одлука за голем напад врз позициите на [[ОНА]]. [[АРМ|Македонската армија]] им нанела голем пораз на припадниците на [[ОНА]]. Според некои извори, Албанците сепак не биле спремни и не очекувале таков напад во тоа време од страна на македонската полиција.
 
По околу двонеделно стишие, на [[28 април]], на патот меѓу селата [[Селце]] и [[Вејце]] во [[Тетово]], 16 припадници на безбедносните сили на Македонија при патролирање наишле на заседа, при што загинле осум, а шест војници припадници на безбедносните сили на Македонија биле повредени. Според извршената обдукција, утврдена по смртта, било утврдено дека телата на убиените полицајци и војници по смртта биле дополнително масакрирани. По ова, нниз поголемите градови во [[Република Македонија]] започнал голем револт на месното население. Македонските власти, во меѓувреме упатиле повик кон [[ОНА]] за прекин на огнот кој истиот не бил прифатен.