Разлика помеѓу преработките на „Социологија“

Додадени 4 бајти ,  пред 5 години
с
нема опис на уредувањето
с
Реакциите против општествениот емпиризам започнаа кога германскиот филозоф Хегел се прогласи за опозиција како на емпицизмот, кој тој го отфрли како некритички, така и на детерминизмот, за кого сметаше дека е прекумерно механистички. Методологијата на Карл Маркс го позајми Хегеловиот дијалектизам, но исто така го отфрли позитивизмот за сметка на критичката анализа, трагајќи по дополнение на емпириското сфаќање на „фактите“ со елиминирањето на илузиите. Тој тврдеше дека надворешните изгледи (надворешноста) треба да бидат критички разгледани, а не само едноставно документирани. Раните херменеутичари (херменеутика: проучување на теоријата на толкување) како што е Вилхелм Дилти, ја воведоа поделбата помеѓу природните и општествените науки. Различни нео-Кантовски филозофи, феноменолози и научници од сферата на хуманитарните науки, дополнително теоретизираа за тоа како анализата на општествениот свет се разликува од онаа на природниот свет поради ненамалливите сложени аспекти на човековото општество, култура и битие.
 
На почетокот на 20. век, првата генерација на германските социолози и формално го воведе методолошкиот антипозитивизам, предлагајќи истражувањето на човековите културни норми, вредности, симболи и општествени процеси гледани од една изразито субјективна перспектива. Макс Вебер полемизираше дека социологијата може грубо да се опише како наука, бидејќи истата може да ги идентификува каузалните односи во човековото „општествено дејствување“ - особено помеѓу „идеалните типови“, или хипотетичките симплификации (упростувања) на сложени општествени појави. Сепак, како непозитивист, Вебер барал односи кои не се толку „аисториски, непроменливи или генерализирачки“ како оние со кои се бават природните науки. Сограѓанецот, германскиот социолог [[Фердинанд ТонисТенис]], теоретизирал за два суштински апстрактни концепти, со неговата работа на Заедница и Општество. ТонисТенис повлекол остра линија помеѓу царството на концепти и реалноста на општественото делување: првото треба да биде третирано аксиоматски (аксиоматика: збир или систем на аксиоми) и на дедуктивен начин („чиста социологија“), додека вториот емпириски и на индуктивен начин („применета социологија“).
 
[[Податотека:Max Weber 1894.jpg|мини|170п|лево|Макс Вебер ]]