Разлика помеѓу преработките на „Плаошник“

Одземени 6 бајти ,  пред 5 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
== Археолошки истражувања ==
[[Податотека:Plaoshnik-Ohrid.jpg|мини|десно|Археолошки работи на Плаошник]]
Археолошки истражувања на Плаошник се вршени повремено во текот на [[20XX век]], а од [[1999]], се вршат континуирано и систематично. Главно наодите можат да се поделат на претклиментов период кој го опфаќа периодот од праисторијата до 9.IX век, и климентов период кој започнува од [[893]]. година кога Св. Климент Охридски ја изградил црквата Свети Пантелејмон, па сѐ до заземањето на Охрид од страна на [[Отоманското царство|Турците]] во [[15XV век]].
 
=== Климентов период ===
Врз археолошките остатоци на најстариот словенски манастир Св. Пантелејмон, кој во 893 година го изградил св. Климент Охридски, се наоѓа новоизградениот храм. Завршните ископувања во Плаошник во Охрид, археологот [[Владо Маленко]] ги почна есента 1999 година по отстранувањето на остатоците на Имарет џамија. Целта беше да се овозможат услови за возобновувањето на Светиклиментовиот храм. Тогаш археологот Маленко ја откри крстилницата на петтокорабната базилика со [[кукести крстови]] (свастики) на мозаичните подови кои потекнуваат од периодот меѓу IV и VI век. Се претпоставува дека ова ранохристијанска базилика во Плаошник врз која бил изграден Климентовиот манастир во IX век била посветена на [[Апостол Павле]]. Во Лихнид, денешен Охрид, апостолот Павле христијанството го проповедал во I век од нашата ера.
 
Во 2007 година било откриено депо со 2383 венецијански сребрени монети од 14.XIV век, сите сместени во керамички сад. Монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во 14XIV век, вели [[Паско Кузман]].<ref>[http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DE838A0CC50FAB439AACBCA539A33AA6 Вечер 10.10.2007: На Плаошник откриено депо со венецијански сребрени монети]</ref>
 
Во моментов (август 2008) во тек се истражувања на конаците на манастирот и [[Климентовиот универзитет]] кои се наоѓале во близина на црквата.
[[Податотека:Plaošnik 04.jpg|мини|десно|Древни столбови на Плаошник]]
[[Податотека:Дедал од Плаошник.jpg|thumb|150px|right|Фигурината „Дедал од Плаошник“]]
Во 2008 година откриен е гроб на покојничка од висок општествен ранг од железното време. Се проценува дека откритието датира од преминот на осмиот во седмиотVI век пред нашата ера и станува збор за оставнина на [[Енгелани]]те, кои во тоа време ја населувале западна Македонија. Гробницата се разликува од сличните откритија пронајдени на археолошките локалитети во источниот дел на Македонија по бројноста на зачуваните артефакти. Телото на покојничката било закопано со бронзена лентеста дијадема поставена на главата на починатата, потоа бронзен појас со трилисни украсни додатоци, масивни бронзени белегзии и други украси.<ref>[http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=13061 Кирилица: На Плаошник откриена покојничка од железно време]</ref>
 
 
Во 2007. година, бронзената фигура висока 20см20 см на човек со крила, наречена „Дедал“ е пронајдена под мозаичната површина. Била откопана од црвена земја која содржи најмалку хемикалии и придонела фигурата да биде сочувана. Била обвиткана со голем слој на патина, па во прв момент не се знаело за каков предмет се работи. Откако ја исчистиле, археолозите сфатиле дека ова е единствено откритие, слична фигура досега не е пронајдена никаде на Балканот, а и пошироко.<ref>[http://forums.vmacedonia.com/f27/figura-stara-preku-2-300-g-otkriena-na-plaoshnik-2318/ Виртуелна Македонија: Фигура стара преку 2.300 г. откриена на Плаошник]</ref>
 
Во 2002. била пронајдена монументална и богато декорирана ранохристијанска крстилница, каква што досега не е најдена во Македонија. Крстилницата е со огромни димензии, многу поголема од онаа во [[Стоби]], а украсена со прекрасни мозаици кои се со претстави на геометриски и животински фигури. Оваа крстилница била дел од најстарата, а воедно и по своите димензии најголема петокорабна базилика (од 5. век) што е откриена на Плаошник, под Светиклиментовата црква.<ref>[http://www.vest.com.mk/default.asp?id=41626&idg=3&idb=625&rubrika=Kultura Вест 08.09.2002: Се осветува Светиклементовиот храм на Плаошник]</ref>
 
Според археологот [[Паско Кузман]], особено богат е и македонско-хеленистичкиот период. Од тој период има остатоци од градби што значи дека тука имало населба во 3III-2II век пр.н.е. и пронајден е многуброен движен археолошки материјал што потврдува дека Лихнидос бил урбано-развиен центар, монденски град на брегот на Охридското Езеро, покрај магистралата [[Виа Игнација]]. Според него, значајни наоди има и од Римскиот период од кој за прв пат во Македонија се открија подни мозаици во рамките на објект - бања. На мозаиците се презентирани: Тврдината, разни геометрски фигури, орнаменти. И во овој период има остатоци од објекти и храмови и се претпоставува дека таму бил и храмот на богот [[Дионис]].
 
Во Доцната антика, пак, на Плаошник, почнуваат да никнуваат ранохристијански базилики. Откриени се две монументални ранохристијански базилики - поликохалната црква во северниот дел и тробродната монументална базилика која се наоѓа околу самата Светиклиментова црква. Со овие истражувањa се откри и трета базилика чии основи поминуваат под патеката која што води до куќата на владиката Тимотеј, во близина на Плаошник.<ref>[http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=25154&rub=43 Култура во Македонија: Нови наоди на Плаошник]</ref>