Амстердам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 77.29.211.170) и вратена ревизијата 3143782 на CommonsDelinker
сНема опис на уредувањето
Ред 84:
Првите евидентирани податоци за употребата на името „Амстердам“ потекнуваат од потврда која датира од 27 Октомври 1275 година. Тогаш, жителите кои изградиле мост и брана на реката Амстел биле ослободени од плаќање мостарина од страна на грофот Floris V. Во таа потврда жителите се опишани како луѓе кои живеат во близина на браната на реката Амстел. До 1327-ма година името преминало во Амстердам. Амстердам е релативно нов во споредба со многу постарите градови во Холандија како што се Најмеген, Ротердам и Утрехт. Во Октомври 2008-ма година, историчарот Chris de Bont изјавил дека земјиштето околу денешен Амстердам било обработувано уште кон крајот на 10-от век. Но, тоа не мора да значи дека на тоа место имало населби со луѓе, бидејки можно е земјиштето да било користено за производство на тресет со цел да се употреби како гориво.
Се смета дека на Амстердам му биле доделени права на град или во 1300 или во 1306-та година. Од 14-от век наваму, Амстердам го доживеал својот расцут, најмногу како резултат на трговијата со народите од [[Ханза]]та. Во 1345 година, по појавување на наводното Еухаристично чудо на улицата Калверстрат, градот бил прогласен за важно место за аџилак се до прифаќањето на Протестанстската вера. Ритуалната поворка на луѓе во цивилна облека „Стиле Омганг“ денеска претставува остаток од некогашната богата историја на аџилакот.
Во 16-от век Холанѓаните се кренале бунт против шпанскиот крал [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] и неговите следбеници. Главната причина за бунтот биле воведувањето на нови даноци, како и религиозното прогонство на Протестантите од страна на шпанските Инквизитори. Револтот прераснал во осумдесет годишна војна која резултирала со независност на Холандија. Холандија станала позната по големата религиозна толеранција која била наметната од страна на водачот на холандската буна [[Вилем ТивкиотМолчеливиот]]. Голем број Евреи од Пиринејскиот Полуостров, протестанти од Франција, бројни трговци и печатари од Фламанскиот дел , како и голем број економски и верски бегалци од деловите кои биле контролирани од Шпанија, нашле прибежиште во Амстердам. Приливот на печатари и интелектуалната толеранција во градот направија Амстердам да стане центар на Европскиот слободен печат.
 
== Географија ==