Девалвација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 30 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q220788 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
==Поим за девалвација==
Девалвацијата претставува официјален акт на економската [[политика]] со кој се намалува надворешната вредност на домашната валута. Девалвацијата се спроведува така што со посебна одлука на владата или [[централна банка|централната банка]] (или заедничка одлука на владата и централната банка) се намалува вредноста на домашната валута во однос на странските валути. Според тоа, девалвацијата се разликува од [[депрецијација]]та (depreciation), каде што домашната валута ја губи својата вредност во однос на странските валути на [[девизeндевизен пазар|девизниот пазар]], под влијание на [[понуда]]та и [[побарувачка]]та.
 
Девалвацијата е еден вид ''политика на промена на потрошувачката'' (''expenditure-switching policy''), која треба да предизвика промена на релативните [[цени]] на странските и домашните производи со цел домашната [[потрошувачка]] да се префрли од странските кон домашните производи.<ref>F. Leslie C. H. Helmers. "The Real Exchange Rate." во: Rudiger Dornbusch and F. Leslie C.H. Helmers, eds. ''The Open Economy - tools for policymakers in developing countries''. EDI Series in Economic Development. Oxford: Oxford University Press for The World Bank, 1988, стр. 16-19.</ref> <ref>Paul Krugman. "External Shocks and Domestic Policy Responses." во: Rudiger Dornbusch and F. Leslie C.H. Helmers, eds. ''The Open Economy - tools for policymakers in developing countries''. EDI Series in Economic Development. Oxford: Oxford University Press for The World Bank, 1988, стр. 68-70.</ref> Исто така, девалвацијата се јавува како составен елемент на стабилизационите програми засновани врз [[девизeндевизен курс|девизниот курс]]. Во тие рамки, пред почетокот на стабилизационата програма се спроведува значителна девалвација, која треба да ги ублажи негативните последици од идната [[реална апрецијација]] на домашната валута.
 
Девалвацијата се применува многу често заради две причини:<ref>Krugman, исто, стр. 72</ref>