Разлика помеѓу преработките на „Генетски изменет организам“

Одбиени последните 3 промени во текстот (од 77.28.18.167) и вратена преработката 3251164 на M4r51n
(Одбиени последните 3 промени во текстот (од 77.28.18.167) и вратена преработката 3251164 на M4r51n)
 
== Развој ==
Основен принцип на производството на ГМО е додавање нов генетски материјал во [[ген]]от на организмот, ова го нарекуваме генетско инженерство. Се користи во праксата од [[1973]] година од откривање на [[ДНК]] и создавање на првата рекомбинантна бактерија, односно постоечка бактерија „[[Escherichia coli]]“ која го произведувала генот [[салмонела]]. На конференција во [[Асилмар]] во [[1975]] година почнала дискусија за опасностите поврзани со генетското инѓенерство, а главниот заклучок бил дека користењето на оваа технологија треба да се контролира од страна на државата се до моментот кога со сигурност ќе се знае дека е безопасна.
 
[[Херберт Бојер]] ја основал првата фирма, која ја користела технологија на рекомбинирана [[ДНК]] под името „Genetech“ и во 1978 година го приозвеле видот „Escherichia coli“ која го произведувала човечкиот протеин [[инсулин]]. Ова многу им помогнало на заболените од [[дијабетес]].
ГМО се користи во биолошки и медицински истражувања, производство на лекови, експериментална медицина и во земјоделството. Контроверзна, но широко прифатена е употребата на ГМО технологијата како право на патентите на родот на храната кои се отпорни на комерцијални хербициди и/или создаваат пестицид внатре во самата растение. Најголем дел на ГМО посеви во светот е во сопственост на американската корпорација [[Монсанто]].
 
Според ISAAA, во 2010 година околу 15 милиони земјоделци одгледувале ГМО култура во 29 земји. 90% од нив се наоѓаат во посиромашните земји во развој како што се: [[Индија]], [[Кина]], [[Филипини]], [[Јужноафриканска Република]]. Глобалната комерцијална вредност на ГМО културата во 2008 година е проценета на 130 билиони американски долари. Во [[САД]] околу 81-86% е застапена [[пченка]]та, 88-90% од сите сои и 81-93% [[памук]] култури кај кои е користена ГМО технологијата. Користењето на ГМО предизвикало многу контроверзии ширум светот. Противниците тврдат дека не е пожелно да се менува биолошките процеси кои природно еволуирале во текот на еден долг период, а некои нагласуваат дека модерната наука не може во потполност да ги сфати потенцијалните негативни влијанија од овие промени.
 
И покрај тоа што во научните кругови постои широк консензус дека ГМО технологијата не носи специфични безбедносни ризици кои не постојат кај другите методи на генетско модификување, користењето на ГМО предизвикува контроверзи во јавноста. Противниците тврдат дека не е пожелно да се менува биолошките процеси кои природно еволуирале во текот на еден долг период, а некои нагласуваат дека модерната наука не може во потполност да ги сфати потенцијалните негативни влијанија од овие промени.
 
Други во ова гледаат природен развој на човечка тенденција да создаде култура со непожелни карактеристики, а во последните години се појавуваат тврдења дека ГМО продуктите предизвикуваат [[Рак (болест)|рак]]<ref>[http://www.policymic.com/articles/15889/french-gmo-research-finds-monsanto-corn-causes-cancer-america-should-pay-attention_ French GMO Research Finds Monsanto Corn Causes Cancer: America Should Pay Attention] {{en}}</ref>, [[стерилитет]]<ref>[http://www.disclose.tv/news/Russian_Biologists_GMO_foods_cause_sterility_in_third_generation/86342 Russian Biologists: GMO foods cause sterility in third generation] {{en}}</ref> и цела низа други негативни последици на човечкиот организам.
 
== Наводи ==