Разлика помеѓу преработките на „Генетски изменет организам“

нема опис на уредувањето
Според ISAAA, во 2010 година околу 15 милиони земјоделци одгледувале ГМО култура во 29 земји. 90% од нив се наоѓаат во посиромашните земји во развој како што се: [[Индија]], [[Кина]], [[Филипини]], [[Јужноафриканска Република]]. Глобалната комерцијална вредност на ГМО културата во 2008 година е проценета на 130 билиони американски долари. Во [[САД]] околу 81-86% е застапена [[пченка]]та, 88-90% од сите сои и 81-93% [[памук]] култури кај кои е користена ГМО технологијата.
 
И покрај тоа што во научните кругови постои широк научен консензус дека ГМО технологијата не носи специфични безбедносни ризици кои не постојат кај другите методи на генетско модификување, користењето на ГМО предизвикува контроверзи во јавноста. Противниците тврдат дека не е пожелно да се менува биолошките процеси кои природно еволуирале во текот на еден долг период, а некои нагласуваат дека модерната наука не може во потполност да ги сфати потенцијалните негативни влијанија од овие промени.
 
 
Анонимен корисник