Џон Галијано: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 25 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q313607 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
== Ран живот и кариера ==
 
Роден е во [[Гибралтар]], од каде што потекнува неговиот татко, а мајка му е со шпанско потекло. Галијано има две сестри. Татко му бил водоводџија. Фамилијата на Галијано се преселила во [[Лондон]] поради работа кога тој имал 6 години и се населиле во [[Стритхем]], Јужен Лондон, пред да се преселат во Далвич[[Даллич]], а подоцна во [[Брокли]]. Тој е одгледан во строга римокатоличка фамилија. Галијано, кој бил срамежлив и поинаков од другите, често зборувал за неговата мака за да се вклопи, и потсетувајќи се на неговото рано детство, еднаш признал: „Мислам дека тука луѓето не сфаќаат од каде доаѓам“. Анита, наставничка по фламенко, го облекувала во неговата „најелегантна“ облека, дури и за патување до локалните продавници. Поради ова, заедно со неговите креативни чувства, тој честопати бил малтретиран од момчињата од неговото граматичко училиште во Лондон. Тој го посетувал римокатоличкото училиште „Свети Антониј“ и граматичкото училиште ''„Вилсон“'' во Лондон и тогашниот Централен колеџ за уметност и дизајн ''„Св. Мартинс“'', на којшто дипломирал моден дизајн со диплома со почести прва класа. Неговата прва колекција, инспирирана од Француската револуција и насловена ''Les Incroyables'', добила позитивни критики и целата била купена и продадена во лондонскиот моден бутик ''Браунс'' (Browns). Галијано ја започнал својата сопствена модна линија и запознал некои идни соработници, Аманда Харлек, во тогашно време стилист во Харперс и Квин и Стивен Џонс, модист. Неговиот успех дошол преку ноќ, Галијано отворил студио во Лондон, но неговиот талент не се поврзувал со смисла за бизнис, згора на тоа, тој го наоѓал своето задоволство во ноќниот живот во Лондон. Тој сеуште е еден од највлијателните уметници кои работат во модата.
На почетокот, добил финансиска поддршка од Јохан Брун, а кога завршил овој договор, финансиската поддршка ја презел данскиот претприемач Педер Бертелсен, сопственик на фирмата ''„Aguecheek“'', кој во тоа време ѝ давал поддршка и на Кетрин Хамнет. Овој договор завршил во 1988 година и Галијано ја нашол поддршката на германскиот агент Фајкал Амор (сопственик и моден креатор во модната линија Плајн Зуд), кој му наредил да ја постави неговата основа во Париз. Галијано се преместил во Париз во потрага по финансиска поддршка и силна база на потрошувачи. Неговата прва ревија била во 1989 година како дел од Париската модна недела.