Холокауст: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Eddon (разговор | придонеси)
Ред 62:
=== Систематско и планско истребување ===
 
Секој детал од истребувачкиот процес бил методски испланиран. Евреите кои пристигале со возови од Белзец, Собибор и Треблинка, биле лажно информирани од [[СС]] дека тоа е само транзитно запирање и дека ќе продолжат кон нивната вистинска дестинација (фабрики каде требало да работат) по извесно време. Им било кажувано дека нивните алишта ќе бидат дезинфицирани и дека треба најпрвин да се истушираат. Мажите биле одделувани од жените и децата. Сите биле водени во бараките за соблекување. На жените и девојките им била сечена косата. Најпрвин мажите, а потоа и жените, биле водени во простории со тушеви, каде откако ќе влезеле, им ги затворале вратите и ги вклучувалевклСекој детал од истребувачкиот процес бил методски испланиран. Евреите кои пристигале со возови од Белзец, Собибор и Треблинка, биле лажно учувале машините на бензин. Смртоносниот [[јаглероден моноксид]] за кратко им ја труел крвта, по што следела нова тура на "капачи".
 
Во [[Аушвиц-Биркенау]], на новодојденците им ја одземале облеката, ја ставале во посебни фиоки со броеви и им наредувале секој да го запомни бројот на својата фиока за "подоцна". Наместо јаглероден моноксид, за нив бил користен комерцијалниот [[пестицид]] [[Циклон-Б]]. Најпрвин умирале децата, а потоа возрасните, бидејќи пестицидот е вид на високоотровна киселина, која им била пуштана во вид на пареа. По 4-5 минути, влегувале специјални единици составени од Евреи-заробеници, кои ја "чистеле" просторијата за наредната група. Претходно, им биле вадени златните заби, доколку некој имал такви.