Орце Николов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
'''Јордан „Орце“ Николов''' ([[Скопје]], {{роден|7|јануари|1916}} - {{починал|4|јануари|1942}}) — македонски комунист, [[народен херој]]. Бил еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на [[КПЈ]] за Македонија.<ref>„Народни хероји Југославије“, „Младост“, Београд, 1975.</ref>
 
Роден е во [[Скопје]], во бугарско работничко семејство.<ref>[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce447/Tekst40.htm Анита Димова „На прагот на својата Македонија“]</ref> Го изучил кројачкиот занает и станал активист на УРС-овите синдикати.<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1050 стр.</ref> Во [[1935]] година станува член на КПЈ. Го отслужува воениот рок во [[1937]] - [[1938]] година во [[Загреб]]. По враќањето од војска повторно се вклучува во активностите УРС-овите синдикатите и заедно со [[Цветан Димов]] ја предводи подружницата на шивачките работници.
 
Во есента 1938 година, по негова иницијатива е организирана акција за запишување доброволци за одбрана на [[Чехословачка]].