Еп за Гилгамеш: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 3 промени во текстот (од 46.217.70.132) и вратена преработката 3292631 на Ehrlich91
Ред 54:
Од оваа мисла на Е.М. Мелетински можеме да заклучиме дека во основата на [[митологија]]та е обновувањето на светот, неговото повторно создавање, т.е. пресоздавање на редот, враќање кон почетокот на светот, кога сè е ново, чисто, недопрено. За создавањето на светот зборуваат космогониските митови, кои се тесно поврзани со есхатолошките митови (митови за крајот на светот), затоа што обновувањето на светот се одвива во две фази што претставуваат еден вид кружно движење, еден вид циклус: уривање на светот (со потоп, со пожар или на друг начин), и веднаш потоа негово повторно создавање, обновување. Тоа го имаме сликовито во „Епот за Гилгамеш“ - случувањата на Утнапиштим во епизодата со потопот, што е целосно преземена епизода и употребена во [[Библија]]та - митот за Ное.
 
Интересно е да се спомене дека за митолошкиот човек обновувањето на светот е многу значајно.
aaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa sve
Всушност, тој верува дека светот се раѓа повторно, а не се обновува (парафразирано од ’Аспекти на митот’). „Постепено... почна да се раѓа идејата дека постојат вистинити (а не само обредни) уништувања и создавања на светот, дека има „враќања на почетоците“ во вистинска смисла на тие зборови...“<ref>’Аспекти на митот’; стр. 64</ref>.
Најчеста симболика во „Епот за Гилгамеш“ имаат броевите. Така на пример, бројот дванаесет го сретнуваме во поделбата на епот на плочи. Бројот на месеците во годината го сретнуваме и во десеттата плоча во разговорот меѓу Ур-Шанаби и Гилгамеш, кога Ур-Шанаби вели: „...Сега дванаесетто стебло земи, Гилгамешу, забоди го“<ref>’Епот за Гилгамеш’; стр.79</ref>. Гилгамеш користи дванаесет стебла за да ја преброди опасноста.
 
Бројот седум, исто така се сретнува повеќе пати во епот. Еве некои примери: „Шест дена и шест ноќи го
оплакував и во гроб не го положив“<ref>’Епот за Гилгамеш’; стр.81</ref> - закопот е седмиот ден; „Шест дена и шест ноќи во потоци дождот паѓаше. Седмиот ден потопот попушти“<ref>’Епот за Гилгамеш’; стр.87</ref> - седум дена трае потопот. Како митски симбол го издвојуваме и гавранот, како врска меѓу два света (гавранот му докажува на Утнапиштим дека потопот поминал; а во Библијата гулабот носи маслиново гранче). Змијата, исто така, може да ја спомнеме како уништувач, измамник, злобник. Таа го лишува човекот од бесмртноста, а во [[Библија]]та ги лишува [[Адам и Ева]] од [[рај]]от.
 
== Значењето на епот ==
Најголемото значење на делото се состои во тоа што е прв пишан текст со уметничка вредност. Во него се наоѓаат многу митски елементи, моменти од традицијата и религијата на еден од најстарите народи.
Елементи од „Епот за Гилгамеш“ наоѓаме и во записите, остатоците на некои подоцнежни култури (дури и
денешните), нивните верувања, обичаи. Во епот се отвора прашањето на смртта, на задгробниот живот,
на подземјето, потребата и потрагата за вечен живот – теми што до денес останале актуелни и интересни
за откривање. И денес сме сведоци на вечната потрага по еликсирот на младоста, по продолжување на
животниот век. Многу научни достигнувања од областа на медицината се со цел да ги направат луѓето
што помлади. Потрагата по вечен живот, уште од Гилгамеш па до денес, продолжува со можноста за
клонирање, со што многу луѓе од историјата би можеле да се „родат повторно“, а некои воопшто да не
престанат да постојат.
 
== Наводи ==
{{reflist}}
 
[[Категорија:Месопотамска митологија]]
[[Категорија:Епови]]