Разлика помеѓу преработките на „Масакр во Велес“

Нема измена во големината ,  пред 5 години
ISBN
(ISBN)
На [[15 јануари]] [[1945]] без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на [[НОБ]]. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од [[ОЗНА]] во ослободена [[Македонија]].<ref>Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995.</ref>
 
Во својата книга ''Мојот татко - Методија Андонов Ченто'', авторот Илија Андонов Ченто, вели дека првиот претседател на [[Президиумот на АСНОМ]] за таа работа дознал случајно и дека злосторствата започнале откако на на крајот на 1944 година, во [[Скопје]], како гостин на Второто заседание на [[АСНОМ]] присуствувал [[Едвард Кардељ]].<ref>Андонов, Илија - Ченто, „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“, Скопје 1999, ISBN: 9989-878-89-9</ref>
 
Според бугарскиот историчар [[Коста Црнушанов]] затворениците се убиени, затоа зошто биле [[Македонци]] со [[Бугари|бугарско национално чуство]]. Според овој бугарски историчар помеѓу жртвите имало припадници на [[ММТРО]] на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на [[Иван Михајлов]], еден поранешен бугарски учител и други. <ref>Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.</ref> Според овој историчар за масакрот биле одговорни [[Ратко Петровски]] (помошник-началник на [[ОЗНА]]), [[Боро Коробар]] и [[Киро Попадиче]] (командант на Велес), што е во согласност со претходно изнесеното мислење.
253

уредувања