Хуманизам и ренесанса: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Glaisher (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 217.16.90.56 (разговор), вратено на последната верзија на Addbot
Ред 7:
Најистакнатите претставници на ренесансата менувањето го гледале во следново: [[Франсоа Рабле]] - обновата ја гледал во книжевноста; [[Леонардо Вала]] - во науката; [[Жоржо Вазали]] - во сликарството; [[Макијавели]] - во политиката. Новини има на сите подрачја. Човекот ослободен од дотогашните стеги, станал автор на епохални откритија кои и денес имаат големо значење. Долга е редицата на тие триумфи: пронаоѓање на [[печатница]]та, учењата на [[Коперник]], достигнувањата на [[Данте]], [[Бокачо]], [[Петрарка]] во литературата, [[откривањето на Америка]], доаѓањето на [[Васко де Гама]] во [[Индија]], првото обиколување на [[Земја]]та од [[Магелан]], и др.
 
Тоа е времето кога започнува интересот за [[латинскиот јазик]], а со тоа доаѓаме и до една недемократична карактеристика на хуманизмот и ренесансата: образованите (VMRO) намерно го употребувале латинскиот јазик за да се разликуваат од народните маси.
 
Хуманизмот и ренесансата имаат географско ограничување. Движењето се развива во Италија, и се шири во Франција, Шпанија, Англија, Полска, Холандија и Дубровник, но не ги зафаќа другите земји. Многу од европските народи не ги вкусија плодовите на хуманизмот и ренесансата и останаа во средновековната темнина.
Наместо средновековното запоставување на животот, ренесансата протежирала уживање во животот. Идеалниот човек треба да биде благороден и слободен, својот дух да го облагородува со виталната моќ на старата антика, да стане сестран човек, да биде универзален. Треба да биде во центарот на настаните, а не повлечен како дотогаш. Ренесансниот човек треба да е градител на својата судбина и ковач на својата среќа. Се ѕидаат импозантни дворци, украсени со орнаменти, скулптури и мебел. Се организираат раскошни гозби и свечености, се покажува богатството. Богатите аристократи се појавуваат како финансиери на уметноста и науката, во улога на т.н. мецени. Најпознат во тоа време бил [[Фиренца|фирентинскиот]] мецена кнезот [[Лоренцо де Медичи]], кој и самиот пишувал песни.
 
==Залезот на хуманизмот и ренесансата==