Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 39:
Во април 2009г., Фокс започна со снимањето на филмот [http://en.wikipedia.org/wiki/Jonah_Hex_(film) Џона Хекс], во којшто го глумеше ликот на Лејла, како вооружена убавица и саканата на Џона Хекс ( Џош Бролин). Филмот беше издаден на 18 јуни 2010г. Иако нејзиното име беше на врвот на рекламниот плакат за филмот, таа својата улога ја опиша како [http://en.wikipedia.org/wiki/Cameo_appearance камео улога] (кратко појавување на славна личност во филм). Поради лошата изведба, беше откажана меѓународната дистрибуција, и поради тоа Џона Хекс се сметаше за критички и комерцијален неуспех во САД. Филмот беше наречен „најлош филм на годината“ од страна на „Houston Film Critics Society“. Потоа Фокс глумеше заедно со Мики Рурк во Игра на страста (Passion Play). Поради лошиот прием на филмот на Филмскиот фестивал во Торонто, конвенционалната дистрибуција во театар беше заменета со дирекно објавување на видео, и филмот беше кратко прикажуван на само два екрани, колку да се исполнат договорните обврски. Мики Рурк забележа дека Игра на страста е „…''ужасен. Уште еден ужасен филм''“. Во 3Д документарниот филм Легенда за делфините (Na Nai'a Legend of the Dolphins), Фокс го позајми гласот на Хавајските „Spinner Dolphins“. Филсмата екипа се состои од: Кејт Винслет, Елен Пејџ, Џерард Батлер, Џејмс Франко, Џулијан Ленон, Диего Луна, Чич Марин, Вупи Голдберг, Изабела Роселини и Дарил Хана.
 
Во март 2009г., „''Варајати''“ соопшти дека Фокс се јавува како копродуцент заедно со Брајан Остин Грин, и ја има главната улога како Аспен Метјуз, во филмот, којшто е адаптација на комичната книга Фатом„Фатом“ (Fathom). Фокс се појавува заедно со Доминик Монаган во спотот за песната „Love the Way You Lie“ на Еминем и Ријана. Во 2012г. таа за кратко се појавува во комедијата на Саша Барон Коен, Диктаторот (The Dictator), и со споредна улога во комедијата на Џуд Апатоу, Ова се 40-тите (This Is 40). Таа го позајми гласот на Лоис Лејн во епизодата „Robot Chicken DC Comics Special“, една епизода на комичната телевизиска серија „Robot Chicken“, и се емитуваше еднократно на 9 септември 2012г. кога се емитуваше „Adult Swim“ на „''Картун Нетворк''“. Во јануари 2013г. Фокс се појави во реклама за пивото ''Брахма'', на бразилска телевизија. Во февруари 2013г. Фокс ги занемари разликите меѓу неа и нејзиниот поранешен директор Мајкл Беј, и беше потврдено дека таа ќе работи повторно со него во Нинџа Желки (Teenage Mutant Ninja Turtles).
== Имиџ ==
Во едно интерјву за „''Тајмс''“, на темата да се биде пример за другите луѓе, Фокс изјави: „''Зависи од тоа што подразбирате под пример за другите''“, и продолжи „''Ако вашата идеа за пример за другите е некој што ќе им проповеда на вашите деца дека сексот пред брак е погрешен, и дека пцуењето е лошо, и дека жените треба да прават само некои одредени работи, тогаш јас не сум пример за другите. Но ако сакате вашите девојчиња да бидат силни и интелигентни, да бидат искрени и да се борат за тоа што сметаат дека е правилно, тогаш да, сакам да бидам таков пример''“. Во истото интервју, Фокс зборува за тоа да се биде карактеризиран. „''Како да ве карактеризираат? Како привлечна? Зар тоа е лошо?''“ таа изјави дека не е лошо да ве карактеризираат на таков начин. Таа тоа го смета за ласкање, и смета дека предноста е тоа што може да ги изненади луѓето со нејзината добра изведба на некоја улога, бидејќи тие ќе очекуваат од неа само да биде атрактивна. Таа покажа интерес да глуми и помалку сексуализирани ликови од ликот на Микаела Банс од серијата Трансформери. На прашањето како е да се биде популарна тема на медиумите, таа рече дека иако не е на исто ниво со Џенифер Анистон, Бритни Спирс, или Линзи Лохан, сепак и е тешко, и дека имало моменти кога луѓето избегнуваат да бидат во нејзина близина бидејќи не сакаат да бидат центар на медиумското внимание. Таа рече: „''Морам да внимавам како се однесувам, за луѓето да ме сфатат сериозно''“, и „''Можеш да бидеш и секси и интелигентен и пак да те сфатат сериозно, а можеш и да бидеш секси и да излегуваш секоја вечер во клубови и да не те сфатат сериозно''“, но дека таа „''не е тотално полудена''“. Фокс исто така коментира за тоа како преминала од „''релативно непозната''“ до популарна: „''Дефинитивно се чувствувам неподготвена; знам дека никој не вели „Мислам дека сега е моментот да станам славна личност“, - но дефинитивно мислам дека е премногу рано. Односно, бев само во еден филм што луѓето го гледале''“.