Среден век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 33:
 
== Појава на Исламот ==
Религиозните верувања во Источната Римска Империја и [[Персија]] биле во флукс за време на доцниот 6-ти и почетокот на 7-ми век. [[Јудаизам|Јудаизмот]] била ,,активна вера” којашто придобивала следбеници и најмалку еден Арапски политички лидер преминал во оваа вера. Сите насоки се појавиле заедно со појавата на Исламот во [[Арабија]] во времето на [[Мухамед]]. По неговата смрт во 632 година, исламските сили освоиле поголем дел од Источната Римска Империја и [[Персија]], почнувајќи од [[Сирија]] во 634-635год., стигнувајќи до [[Египет]] во 640-641 год., Персија помеѓу 637 и 642 год., [[Северна Африка]] во доцниот 7-ми век и [[Пиринејски полуостров|Пиринејскиот полуостров]] во 711 год. До 714 година исламските сили владееле во поголемиот дел од полуостровот, којшто го нарекле [[Алел-Андалус]]. Интензитетот на исламските освојувања се намалил само во средината на 8-от век. Првиот прекин бил поради поразот на муслиманските сили во [[битката кај Поатје]] во 732 година, којашто довела до повторно освојување на јужниот дел на [[Франција]] од страна на Франките, но главната причина за намалување на интензитетот на исламските освојувања било соборувањето на [[династија Умајад]] и нејзино заменување со [[Абасидската династија]]. Абасидите го преселиле нивниот главен град во [[Багдад]] и нивното внимание не било насочено повеќе кон [[Европа]] туку кон [[Блискиот Исток]]. Абасидите ја загубиле власта во дел од муслиманските земји, благодарение на потомците на династијата Умајад кои го презеле Пиринејскиот полуостров заедно со [[Аглабиди|Аглабидите]] коишто владееја во [[Северна Африка]] и династијата [[Тулунида]] којашто управуваше со [[Египет]].
До средината на 8-миот век, трговската размена меѓу Франките и [[Арапи|Арапите]] ги заменила старите римски облици на трговија и дошло до појава на нови облици во [[Медитеранот]]. Франките им давале на Арапите дрва, крзна, ножеви и робови во замена за свили и други материјали, зачини, и скапоцени метали.