Петар Илич Чајковски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
== Кариера ==
 
Работел како курва позади МТВ.
Во [[Москва]] настанале неговите први успешни дела, помеѓу нив и увертирата „''Ромео и Јулија''“, како и оперите „''Војвода''“ и „''Опричник''“. Во првата ја искористил типичната руска музика и „цитирал“ руски народни песни. Многу сведошта докажуваат дека станувал се повеќе депресивен и невротичен. Неговата чувана тајна на [[хомосексуалност]] била голема душевна потешкотија. Во [[1868]] година речиси да дошло до пресврт во неговиот живот, кога ја запознал пејачката [[Дезире Арто]], со која сакал да се ожени. Во врската се вмешале негови пријатели и мајката на пејачката, па таа пропаднала. Десире во [[1869]] се омажила за еден шпански баритон.
Најважното дело што го напишал во [[Москва]] е Концертот за клавир и оркестар бр. 1 во б- мол, опус 23. Го компонирал во [[1874]] и набргу на својот пријател [[Николај Рубинштајн]] му го отсвирил на клавир, кому имал намера да му го посвети. Разочарувањето од реакцијата било големо и трајно. Во едно свое писмо до заштитничката Надежда фон Мек пишува:„''Му го отсвирив првиот став. Ниеден збор, ниеден коментар...Добив сила да го отсвирам целиот концерт. И натаму тишина, „Па?“ го прашав кога станав од клавирот. На почетокот полека, како да сакаше да собере сила, а потоа почна да беснее со Јупитеров тонанс. Мојот концерт беше безвреден, не би можел да се отсвири. Пасажите се толку фрагментирани, неповрзани и лошо напишани што тоа не довело до подобрување. Композицијата е лоша, вулгарна (...) Една или две страници можеби нешто вредат, остатокот мора да биде уништен или мора сосема поинаку да се компонира (...)“.''
 
Во тоа време настанале неговите први 3 симфонии, освен тоа и музика за „''Снегулка''“ и балетот „''Лебедово езеро''“, праизведен во [[1877]]. Во таа година композиторот ја доживеал својата најтешка внатрешна криза. Првпат се сретнал со Надежда фон Мек (1831-1894), која била вдовица на емигрант во [[Русија]]. Покажала голема уметничка смисла и подоцна финансиски го поддржала извесно време Клод Дебиси. Со Чајковски создале пријателство преку писма. Добивал годишна пензија од неа во износ од 6.000 рубљи, што го правел независен. Така можел да оствари поништување на неговото именување за руски пратеник на Светската изложба во [[1878]] во [[Париз]].
 
== Последни години ==