Воловски форум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
== Историја ==
 
Просторот каде се наоѓал форумот бил изграден во времето на [[Константин Велики]]<ref name=mw253> Müller-Wiener (1977), p. 253</ref> во текот на [[4 век]].<ref name=mw253/>, додека името на плоштадот доаѓа од големата бронзена статуа на вол или бик<ref name=mw253/><ref name=ja69> Janin (1964), p. 69</ref>, која се наоѓала во нејзиниот центар. Статуата била донесена од [[Пергам]] во [[Мала Азија]]. Во долниот дел од статуата се наоѓала печка каде се гореле осудените на смрт криминалци<ref name=mw253/><ref name=ja69/>. Во текот на првите [[Прогонување на христијаните во Римската Империја|христијански прогони]] во [[Римската империја]] под управа на [[Домицијан]] ([[81]]-[[96]]), во истата бронзена статуа бил изгорен и денешниот христијански светец [[Антипа Пергамски]] во [[Пергам]]<ref name=ja69/>. Во времето на [[Јулијан Отпадникот]] ([[361]]-[[363]]) во еден зборник било запишано дека голем број на христијани биле живи изгорени во бронзената статуа, која веќе била транспортирена во [[Константинопол]]<ref name=ja70> Janin (1964), p. 70</ref>.
 
Во [[610]] бил соборен императорот [[Фока (византиски цар)|Фока]] и неговото тело било исто така изгорено на форумот.<ref name=mw253/><ref name=ja70/>. Според некои извори<ref name=ja70/>, императорот [[Ираклиј I]] наредил да се стопи бронзената статуа за да се исплати армијата која војувала против [[Персија]], но овој податок не е докажан доколку постојат извори за егзекуции на форумот и во наредните векови <ref name=ja70/>. Во времето на [[Јустинијан II]] ([[685]]-[[695]] и [[705]]-[[711]]), на плоштадот биле егзекутирани патријарсите Теодор и Стефан<ref name=ma74> Mamboury (1953), p. 74</ref>, кои учествувале во заговор за негово соборување од власт. Во времето на [[Византиско иконоборство|иконоборството]], овде биле егзекутирани [[Света Теодосија]] и [[Андреј Критски]] како подржувачи на иконопочитувањето<ref name=ja70/>.