Воловски форум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
== Историја ==
 
Просторот каде се наоѓал форумот бил изграден во времето на [[Константин Велики]] во текот на [[4 век ]], додека името на плоштадот доаѓа од големата бронзена статуа на вол или бик, која се наоѓала во нејзиниот центар. Статуата била донесена од [[Пергам]] во [[Мала Азија]]. Во долниот дел од статуата се наоѓала печка каде се гореле осудените на смрт криминалци. Во текот на првите [[Прогонување на христијаните во Римската Империја|христијански прогони]] во [[Римската империја]] под управа на [[Домицијан]] ([[81]]-[[96]]), во истата бронзена статуа бил изгорен и денешниот христијански светец [[Антипа Пергамски]] во [[Пергам]]. Во времето на [[Јулијан Отпадникот]] ([[361]]-[[363]]) во еден зборник било запишано дека голем број на христијани биле живи изгорени во бронзената статуа, која веќе била транспортирена во [[Константинопол]].

Во [[610]] бил соборен императорот [[Фока (византиски цар)|Фока]] и неговото тело било исто така изгорено на форумот. Според некои извори, императорот [[Ираклиј I]] наредил да се стопи бронзената статуа за да се исплати армијата која војувала против [[Персија]], но овој податок не е докажан доколку постојат извори за егзекуции на форумот и во наредните векови. Во времето на [[Јустинијан II]] ([[685]]-[[695]] и [[705]]-[[711]]), на плоштадот биле егзекутирани патријарсите Теодор и Стефан, кои учествувале во заговор за негово соборување од власт. Во времето на [[Византиско иконоборство|иконоборството]], овде биле егзекутирани [[Света Теодосија]] и [[Андреј Критски]] како подржувачи на иконопочитувањето.