Воловски форум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Форумот имал правоаголна форма и имал димензии 250х300 метри. Форумот бил опкружен со [[Портик|портици]] и неколку статуи. Посебно внимание меѓу нив заслужуваат сликата на [[Константин Велики]] и неговата [[Света Елена (мајка на Константин)|мајка Елена]] на која држеле позлатен крст. Блиску до форумот се наоѓало пристаништето [[Елефтерион]].
 
== Историја ==
 
Просторот каде се наоѓал форумот бил изграден во времето на Константин Велики во текот на 4 век додека името на плоштадот доаѓа од големата бронзена статуа на вол или бик, која се наоѓала во нејзиниот центар. Статуата била донесена од Пергам во Мала Азија. Во долниот дел од статуата се наоѓала печка каде се гореле осудените на смрт криминалци. Во текот на првите христијански прогони во Римската империја под управа на Домицијан (81-96), во истата бронзена статуа бил изгорен и денешниот христијански светец Антипа Пергамски во Пергам. Во времето на Јулијан Отпадникот (361-363) во еден зборник било запишано дека голем број на христијани биле живи изгорени во бронзената статуа, која веќе била транспортирена во Константинопол. Во 610 бил соборен императорот Фока и неговото тело било исто така изгорено на форумот. Според некои извори, императорот Ираклиј наредил да се стопи бронзената статуа за да се исплати армијата која војувала против Персија, но овој податок не е докажан доколку постојат извори за егзекуции на форумот и во наредните векови. Во времето на Јустинијан II (685-695 и 705-711), на плоштадот биле егзекутирани патријарсите Теодор и Стефан, кои учествувале во заговор за негово соборување од власт. Во времето на иконоборството, овде биле егзекутирани Света Теодосија и Андреј Критски како подржувачи на иконопочитувањето.