Јонко Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
| опис = македонски револуционер
| наставка =
| роден-дата = {{роден на|||1861}}/{{роден на|||1880}}
| роден = {{роден во|Банско}}, [[Отоманска Империја]]
| починал-дата = {{починал на|21|јануари|1939}}
| починал-место = {{починал во|Софија}}, [[Бугарија]]
}}
'''Иван Николов Проданичин''' познат како '''Јонко Вапацаров''', со псевдоним ''Белоречки'' ([[1861]]/[[1880]] - [[21 јануари]] [[1939]]) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] и [[ВМРО (Автономистичка)|Внатрешната македонска револуционерна организација]]. Тој е татко на [[Никола Вапцаров]].
 
== Биографија ==
=== Македонска револуционерна организација ===
Јонко Вапцаров е роден во [[Банско]], [[Пиринска Македонија]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Татко му Никола Проданичин загинува во ослободителни борби на македонското население. Завршува 6 класа во Банско и се вклучува во ВМОРО во 1896 година. Станува секретар на Банскиот револуционерен комитет. Во 1901 година учествува во разоружувањето на врховистот дедо поп Најден во селото [[Србиново]] заедно со [[Јане Сандански]]. Учествува во [[Афера мис Стон|аферата "Мис Стоун"]]. Во 1902 година станува војвода на чета во родниот крај. По [[Илинденското востание]] во 1903 година е уапсен и лежи во затвор во Солун. По [[Младотурската револуција]] во 1908 година е ослободен.
 
За време на [[Првата балканска војна]] е војвода на чета при [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]]. Зборната чета на [[Иван Вапцаров]], [[Христо Чернопеев]], [[Пејо Јаворов]] и [[Лазар Колчагов]] ги ослободува Банско, Мехомија и Кавала. Подоцна Вапцаров служи при 13-та кукушка дружина <ref>„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 108, 894.</ref>. Веднаш по ослободувањето на родниот крај во 1912 година станува околиски началник на Разлошката околија.