Џејн Фонда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправки
дополнување
Ред 20:
 
==Биографија==
Џејн Фонда потекнува од [[Филм|филмско]] [[семејство]]: таа е ќерка на познатиот [[глумец]] [[Хенри Фонда]], а нејзиниот брат [[Питер Фонда]], исто така, остварил успешна актерска кариера. Мајка ѝ Френсис имала [[Крал|кралски]] корени. Кога Џејн била мала, семејството се преселило од [[Калифорнија]] на Источниот брег на [[САД]], а наскоро, татко ѝ побарал развод. Тогаш, мајка ѝ доживеала нервен слом и завршила во [[Психијатрија|психијатриска]] [[болница]], каде што извршила [[Самоубиство|самоубиство]], пресекувајќи си го грлото со брич. Тогаш, Џејн имала 12 години, а нејзиниот брат Питер - 10 години.<ref>Наташа Спирова, „Уживам во љубовта, но нема повторно да се мажам“, ''Антена'', број 864, 16.1.2015, стр. 11.</ref>
 
Подоцна, Џејн имала бурен живот, одбележан со три неуспешни [[Брак|брака]], од кои има две деца. Таа првпат се омажила на 27-годишна возраст за францускиот [[режисер]] [[Роже Вадим]], во чиј филм „[[Барбарела (филм)|Барбарела]]“ ја играла насловната улога. По раѓањето на ќерката Ванеса, бракот се распаднал, а во [[1972]] година, Џејн се омажила за познатиот антивоен активист Том Хејден. Од тој брак се родил синот Трој, а бракот траел до [[1990]] година. Една година подоцна, Џејн се омажила за [[Тед Тарнер]], сопственикот на „CNN“, но во [[2001]] година, тие се развеле. По подолга пауза, во [[2009]] година, Џејн стапила во љубовна врска со [[Музички продуцент|музичкиот продуцент]] Ричадр Пери.<ref>Наташа Спирова, „Уживам во љубовта, но нема повторно да се мажам“, ''Антена'', број 864, 16.1.2015, стр. 11.</ref>
 
 
Во [[1980]]-тите, Џејн Фонда остварила голем комерцијален успех со своите [[видео]]-касети со вежби и совети за здрав живот.
==Филмска кариера==