Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Eddon (разговор | придонеси)
Eddon (разговор | придонеси)
Ред 29:
|}
 
Во Германија, гневот од поразот во Првата Светска Војна, [[Големата криза од 1929|Големата економска криза од 1929]] и невработеноста биле вешто искористени од страна на [[Адолф Хитлер]] и неговата [[Националсоцијалистичка германска работничка партија|Националсоцијалистичка работничка партија на Германија]] уште попозната како Нацистичка партија на Германија. И покрај [[Хитлер-пуч|неуспешниот обид за државен удар во 1923 од страна на Хитлер и нацистите]], ефектите од економската криза од 1929 сеуштесè уште биле свежи, што предизвикало незадоволство кај германскиот народ и несогласување помеѓу политичките партии во Германија, поради што на парламентарните избори во јули 1932 нацистите и комунистите освоиле мнозинство од 52% од пратеничките места во [[Рајхстаг]]от, поради што претседателот на Германија [[Паул фон Хинденбург]] морал да му даде мандат на Хитлер за да формира влада со што Хитлер станал [[канцелар]] на Германија. Во 1933 зградата на Рајхстагот била запалена, што било искористено од страна на Хитлер и нацистите за да ги обвинат комунистите и за да се забрани [[Комунистичка партија на Германија|Комунистичката партија на Германија]]. Хитлер го убедил претседателот фон Хинденбург да потпише серија законски акти со кои што биле суспендирани повеќето граѓански права загарантирани со Уставот на [[Вајмарска Република|Вајмарската Република]], била воведена таканаречена "заштита" од комунистичките водачи, а еден од тие законски акти бил и таканаречениот [[Овластувачки акт]], со којшто владата на Хитлер се стекнала со законодавни моќи. Во март 1933 Хитлер распишал нови парламентарни избори на кои што нацистите освоиле 43,9% од пратеничките места во Рајхстагот и заедно со нивните националистички сојузници имале мнозинство од 51,8%. Во јули 1933 бил усвоен актот со којшто бил укинат повеќепартискиот систем во Германија, а Нацистичката партија била прогласена за единствена политичка партија во Германија, со што Германија станала еднопартиска држава. По смртта на претседателот фон Хинденбург во август 1934, Хитлер си ги припишал на себе и ги превзел неговите претседателски права и обврски и се прогласил себеси за [[Фирер]] (водач) на Германија. Хитлер ја одржувал својата диктаторска позиција и власт во Германија преку тајната полиција [[Гестапо]] и паравоените формации [[СС]] и [[СА]]. По осигурувањето на власта во Германија, Хитлер започнал кампања за вооружување и подготвување на германските вооружени сили за подолго војување.<ref>Wouk, Herman. ''The Winds of War'', стр. 72.</ref> Ова ги загрижило Франција и Велика Британија кои што и онака изгубиле многу во Првата Светска Војна исто како и Германија и Италија.<ref>Brody, J. Kenneth. ''The Avoidable War: Pierre Laval and the Politics of Reality, 1935–1936'', стр. 4.</ref> За да се осигураат дека Италија нема да влезе во сојуз со Германија, Франција и дозволила на Италија да ја окупира Етиопија. Но ситуацијата станала сериозна кога во 1935 Хитлер ја вратил [[Сар|Сарската област]] под германска власт, која што била окупирана од страна на Франција со помош на Велика Британија во 1920. Со враќањето на Сарската област под германска власт, Хитлер прекршил една од точките на Версајскиот договор, која што гласела дека Сарската област треба да биде под управа на [[Друштво на народите|Друштвото на народите]] 15 години, по што требало да се одлучи дали ќе и биде вратена на Германија или ќе и припадне на Франција. Верувајќи дека ќе ја воздржат Германија од понатамошни освојувања, Франција, Велика Британија и Италија го формирале [[Стрезки фронт|Стрезкиот фронт]]. Советскиот Сојуз, загрижен поради германските цели за окупирање на територии и од источна Европа пристапил кон договор за меѓусебно помагање со Франција. Но договорот никогаш не стапил насила официјално бидејќи бил заглавен во бирократските лавиринти на Друштвото на народите.<ref>Record, Jeffery. ''Appeasement Reconsidered: Investigating the Mythology of the 1930s'', стр. 50.</ref><ref>Mandelbaum, Michael. ''The Fate of Nations: The Search for National Security in the Nineteenth and Twentieth Centuries'', стр. 96.</ref> Во 1935 Велика Британија потпишала независен поморски договор со Германија со кој дошло до олеснување на германската морнарица од одредени обврски кои што произлегле од Версајскиот договор. Забележувајќи ги историските промени во светот, САД прогласиле неутралност со [[Неутрален акт|Неутралниот акт]] усвоен во август 1935, со којшто ја ограничиле помошта за своите сојузници во Европа и Азија.<ref>Schmitz, David F. ''Henry L. Stimson: The First Wise Man'', стр. 124.</ref> Во 1923 Италија се обидела да го окупира островот Крф, а во 1924 го анектирала градот Риека. Во октомври 1935, Италија ја окупирала Етиопија со политичка поддршка од Германија, по што ги повлекла своите приговори кон Германија за да ја користат Австрија како сателитска држава.<ref>Kitson, Alison. ''Germany 1858–1990: Hope, Terror, and Revival'', стр. 231.</ref> Во 1939 Италија ја окупирала и Албанија.<ref>Lowe, C. J.; Marzari, F. ''Italian Foreign Policy 1870–1940'', стр. 330.</ref> Во целост спротивно на Версајскиот договор и договорите од Лоцарно, Хитлер ја ремилитаризирал Рајнската област во март 1936, на што наидел на многу мала реакција од останатите европски држави.<ref>Adamthwaite, Anthony P. ''The Making of the Second World War'', стр. 52.</ref> Во 1938 Хитлер извршил присилно присоединување на Австрија со Германија, уште попознато како [[Аншлус|Аншлусот на Австрија]].<ref>Collier, Martin; Pedley, Philip. ''Germany 1919–45'', стр. 144.</ref> Исто така во 1938 Хитлер побарал Чехословачка да им загарантира поголеми граѓански права на германците кои што живееле во Судетската област, што го искористил како изговор за да ја окупира, за што добил амин и од Велика Британија, Франција и Италија со Минхенскиот договор потпишан во септември 1938 во Минхен, Германија, без присуство на претставници на Чехословачка.<ref>Kershaw, Ian. ''Hitler, 1936–1945: Nemesis'', стр. 173.</ref> Подоцна, во март 1939 Хитлер ја окупирал цела Чехословачка. Со почетокот на [[Шпанска граѓанска војна|Граѓанската војна во Шпанија]] во јули 1936 Хитлер и Мусолини го поддржале фашистичкиот генерал и иден шпански диктатор [[Франциско Франко]] и неговите сили во неговата војна против шпанската република поддржана од страна на Советскиот Сојуз. И двете страни ја искористиле војната за да ги тестираат најновите оружја и методи на војување.<ref>Graham, Helen. ''The Spanish Civil War: A Very Short Introduction'', стр. 110.</ref> Двосмислената и доста помала помош од страна на СССР за шпанската република наспроти огромната воена помош од страна на Германија и Италија за Франко му ја донеле на Франко посакуваната победа во 1939 по што се прогласил себеси за регент на [[Шпанија|Шпанското кралство]], ги укинал сите политички слободи, како и националните слободи на народите на [[Каталонија]] и [[Баскија]]. Со зголемувањето на тензиите следувале обиди за консолидирање помеѓу Франција, Велика Британија и СССР, кои што не завршиле успешно, во главно поради несогласувањата на Полска со ставовите на трите држави. Во овие околности, во август 1939 била склучена советско-германската спогодба за ненапаѓање, уште попозната како [[Договор Молотов - Рибентроп|Договорот Молотов - Рибентроп]],<ref>Zachary Shore. ''What Hitler Knew: The Battle for Information in Nazi Foreign Policy.'' Published by Oxford University Press US, 2005 ISBN 0-19-518261-8, 978-0-19-518261-3, стр. 108.</ref> потпишана од страна на министерот за надворешни работи на СССР, [[Вјачеслав Молотов]], и министерот за надворешни работи на Германија, [[Јоаким фон Рибентроп]]. Од друга страна, Германија и Јапонија ги зацврстиле пријателските односи и меѓусебната соработка, уште попозната како оската Берлин-Токио, прво со потпишувањето на [[Анти-Коминтерен Пакт|Анти-Коминтерниот Пакт]] во ноември 1936 верувајќи дека [[комунизам|комунизмот]] и Советскиот Сојуз се опасна закана за нив. Подоцна во мај 1939 бил потпишан [[Челичен Пакт|Челичниот Пакт]]<ref>"Pact of Steel", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 674.</ref> помеѓу Германија и Италија со што се зацврстиле пријателските односи и меѓусебната соработка помеѓу Германија и Италија, уште попозната како оската Берлин-Рим. Ваквиот сојуз бил потврден во септември 1940, кога Германија, Италија и Јапонија го потпишале [[Троен Пакт|Тројниот Пакт]], со што станал уште попознат како оската Берлин-Рим-Токио. Од друга страна во 1937 Куоминтанг и кинеските комунисти се согласиле на привремен прекин на огнот во кинеската граѓанска војна поради јапонската агресија.<ref>Busky, Donald F. ''Communism in History and Theory: Asia, Africa, and the Americas'', стр. 10.</ref>
 
== Почеток, тек и крај на војната ==