Стар век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 161:
[[Вавилон]] била [[империја]] главно населена со [[аморити]] и се наоѓал на просторот на денешен [[јужен Ирак]]. [[Вавилон]] бил создаден кога [[Хамураби]] ги освоил на [[Сумер]] и [[Акад]], со кое прекинала последната сумерска [[династија Исин]]. Тој бил прв крал на Вавилонското царство. Аморитите се семитски народ кој во [[Вавилон]] го користиле [[акадски јазик|акадскиот јазик]], кој користел [[клинесто писмо]] и кој води потекло од [[сумерски јазик|сумерскиот јазик]]. Името на јазикот доаѓа од градот [[Акад]], главниот центар на месопотамската цивилизација. Сумерскиот јазик главно се користел за религиозни цели, и во тоа време не би “говорен јазик“. Во акадската и сумерската култура главна улога имала вавилонската цивилизација, чиј град [[Вавилон]] станал голем културен центар во империјата и светот. Градот се наоѓал до реката [[Еуфрат]], на околу 90 км јужно од [[Багдад]] во денешен [[Ирак]]. Најраниот запис на [[Вавилон]] е обележан со дата и табла, за време на владеењето на [[Саргон]] од [[Акад]].
 
По [[1158 п.н.е.]] [[Месопотамија]] и [[Вавилон]] биле управувани од разни династии кога паднале под [[Асирија]]. Во времето на управувањето на царовите на Нововавилонското царство, кое било основано од Набопаласар ([[605 п.н.е.]]- [[562 п.н.е.]]), халдејската династија го достигнала својот расцвет, а подоцна оваа развивање го продолжил и неговиот син [[НабоконодосорНавуходонозор II]].
 
[[Акад]] се наоѓал во централните и северните обласнти на [[Месопотамија]]. Империјата била населена од семитски премиња кои ја создале Акадската цивилизација, а градот [[Акад]] станал престолнина на империјата<ref name="WebsterNinthNewCollege">Mish, Frederick C., Editor in Chief. “Akkad.” ''[[Webster's Dictionary#The Collegiate Dictionary|Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary]]''. 9<sup>th</sup> ed. Springfield, MA: [[Merriam-Webster]] Inc., 1985. ISBN 0-87779-508-8, ISBN 0-87779-509-6 (indexed), and ISBN 0-87779-510-X (deluxe).</ref>. Оваа цивилизација се развивала паралелно со Сумерите. Жителите на [[Акад]] зборувале јазик различен од Сумерите. Населението се занимавало со [[земјоделство]]. Најголемате моќ ја достигнале во времето на кралот [[Саргон I]] (околу 2369-2314 година пр.н.е.). Тој успеал да ги обедини северните области и потоа да ги завладее и јужните краеви, а себеси се нарекол „''крал на четирите страни на светот''“
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стар_век