Ерих Кестнер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 27:
Во тоа време на [[Концентрационен логор|концлогори]] и на воено уништување на [[Европа]] и делови од [[Африка]], Ерих Кестнер е млад творечки оневозможен, но и доволно ознат и ценет писател во [[Германија]] и [[Европа]], пред сè со своето дело за деца „Емил и детективите“ ([[1928]]), но познат и како поет, драмски писател, романсиер и сатиричар. Работел и како новинар, и тоа се чини оставило длабоки траги во неговото дело. Тој е мошне обраозван човек. Веќе во [[1925]] година е доктор по филозофија.
 
Во неговит голем опус се издвојуваат романите: „Фабијан“, „Мал граничен промет“, „Исчезнатата минијатура“; потоа драмите „Животот во ова време“, „Училиште за доктори“; стихозбирките „Кратко и јасно“, „Срце на опашот“, „Малата лирска куќна аптека на д-р Е.К.“, „Врева во огледалото“; филмското сценарио за познатиот филм „Минхаузен“; романите за деца „Емил и детективите“, „Летечкото„Летечкиот одделение“клас“, „Тончек и Точкица“, „Двојната Лота“, „Емил и тројцата близнаци“, „35-ти мај“ и други.
==Критики==
Ред 38:
Ерих Кестнер е оптимист, но тој не го идеализира ни животот ни детскиот свет. Тој не пишува за да им се допадне на децата, туку за да им ги открие вистините за животот. „Емил и детективите“ е првото дело со кое Кестнер станал славен не само во својата татковина, туку и низ светот. Книгата содржи интересна галерија на јунаци: мајката на јунакот госпоѓа Фишбајн, инаку фризерка, неговата баба, братучедот Хигхен, останатите деца-детективи, крадецот Грундајс и други. Емил е без татко и уште од пет години за него се грижи неговата мајка која сака Емил да не почувствува дека е со еден родител. Емил е одличен ученик. Кестнер возбудливо и едноставно раскажува как опатувајќи во воз, додека спие човекот со тврда шапка, Грундајс му ги краде парите, и како детективите го фаќаат. Во фабулата се преплетуваат можното и неможното. Некои критичари овој роман го нарекоа „хигиенска книга“ после толку нездрави книги за деца.
 
Кестнер не сака да им робува на шемите при цртањето на ликовите. Во детскиот свет нема шеми, па не може да ги има ни во [[книжевност за деца|литературата за деца]]. Кестнер не го изолира детето од средината, туку секогаш го согледува во соодноси, во интеракции. Тоа конкретно се гледа од неговиот роман „Летечкото„Летечкиот одделение“клас“ во кој се зборува за животот во интернат, за пречекот на Новата година, за другарството. Таков е и романот „Тончек и Точкица“, каде со живи реалистични бои се насликани водечките јунаци од насловот на овој социјален роман. Тончек е дете на сиромашни родители, а Точкица на богати. Но децата не се виновни за својата социјална припадност, но сепак тоа ќе се одрази врз нивните детски симпатии.
 
Пишувајќи ги романите за деца, Кестнер секогаш ја има предвид „тешката рака на животот“, но секогаш е оптимист. Сака да го увери детето дека постои излез и од најтешката ситуација. Таа тешка рака паѓа и врз душите на сестрите близначки Лота и Лујза, во романот „Двојната Лота“. По разводот на нивните родители, девојчињата се раздвоени. Мирната Лота ѝ припаѓа на мајката Лујзалота Кернер, а палавата Лујза на таткото Лудвик Палфи. После низа околности, и двете сестри доаѓаат на летување на Билското Езеро, не знаејќи дека се сестри, но кога дознаваат дека се сестри, прават сè за да ги спојат своите родители повторно. Ова е возбудлива и трогателна приказна. Приказната завршува со хепиенд, иако сè до крајот читателот стравува за судбината на двете деца.